Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 67

   

Погледи

Очи широко отворени (2)

И, повторно за свеста, умот, потсвеста, но ќе се обидам заеднички да ја допреме суштината на живеењето. Колку за потсетување: на часовите по биологија уште во основно училиште ќе Ве научат дека живите организами се поделени на растителен и животински свет, и човекот.

А на еволутивната скала, иако човекот морфолошки, анатомски, биохемиски и физиолошки, всушност е припадник на животинскиот свет, сепак УМОТ бил тој што го издвојувал на едно повисоко скалило од сиот останат животински свет.

Изучив студии по биологија, работам петнаесет години во областа на заштита на животната средина, создавам развојни програми за подобрување на квалитетот на животната средина, подобрување на управувањето со сета природа што н$ опкружува, наменето за надлежните институции, за граѓанските организации, и непречено им ја давам својата животна енергија на другите луѓе во текот на безбројните работилници, лекции, средби... Но, с$ уште не најдов одговор на едно прашање: ако човекот е толку универзално суштество заради својот прекрасен УМ кој евидентно создал многу генијални творби низ своето постоење (битисување), тогаш ШТО е она што истото тоа човечко суштество го тера истовремено и да уништува? Ако УМОТ создава, може ли истиот тој прекрасен УМ и да уништува?

Одам во природата и разговарам со стеблата на дрвјата кои во себе кријат многугодишна мудрост; ги прашувам шумските цвеќиња кои се доволно мудри да создадат неверојатна палета од бои за одговорот на моето прашање. Ги прашувам славеите чиј прекрасен ум создава смирувачка мелодија, чинам само за моите уши. 

Сиот живот во природата е неверојатно магично осмислен и создаден, НЕШТО што биолозите го нарекуваат „синџир на исхрана” со сите свои чудни техники на преживување. Стигнувам до неиздашен силен извор на кој ја сретнувам следната порака од Учителот:

„Браќа и сестри,
родители и деца,
мајки и татковци,
учители и ученици,
господари и слуги:
Отворете го своето срце кон Доброто
и станете како овој Извор”.


Врвните научници во светот бавно, но сигурно веќе доаѓаат до одговорот којшто со векови беше универзално и успешно прикриван од Умот (човекот). Со помош на ултрамодерни апарати (патем, да не заборавиме дека истите ги создаде Умот), стигна до најситните честички на материјата, првенствено мислејќи дека се тоа јадрото и електронот, потоа навлезе и во неутронот, а сега се наоѓа пред неверојатното откритие дека и во неутронот има НЕШТО. Па така наскоро и научно ќе се покаже дека тоа НЕШТО се наоѓа во сето она што го гледаме околу нас, во нас, рацете, нозете, главата, ткивата, клетките, цитоплазмата, органелите, ДНК, молекулите и атомите на ДНК .... Исус тоа НЕШТО го нарекол Отец Бог Создател, Мохамед тоа НЕШТО го нарекол  Алах Творец и Создател, Вивекананда тоа НЕШТО го нарекол Антар Мона (Внатрешен Сведок), Сатја Саи Баба н$ учи дека ние сме отелотворување на Бог... Но кога ќе дојдам до таа „крајна” точка (ако воопшто може да се каже дека тука е „крајот”), јас повторно се прашувам: каде е тука Умот? Ако Создателот се наоѓа во сите оние дрвја, цветови и славеи кои ме упатија кон ова сознание, ако се наоѓа во целото мое битие (ЈАС), ако се наоѓа во целото твое битие, во сите луѓе на целиот свет, во целиот универзум (кој патем речено можеме сите да го доживееме со очи и со срце широко отворени), тогаш се наоѓа ли истиот и во Умот човечки?

Оти ако НЕШТОТО се наоѓа и во Умот човечки, повторно се враќам на „мртвата точка” со мојот сопствен нерешен конфликт: не можам, ама баш не можам (или мојот Ум не може) да разбере КОЈ е тој што ги убива рибите во реките со динамит, КОЈ е тој што ги пали шумите за да си направел пасишта (овците бездруго ќе си ја најдат најдобрата трева за себеси), КОЈ е тој што 16 пати ги прска овошките за да иструе с$ живо што ќе се појави (а притоа не умствувајќи дека се труе и самиот себеси)...

КОЈ е тој што сето мудро и генијално создадено толку едноставно го уништува?

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA