Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Интервју

   

Проф. д-р Милева-Ѓуровска, Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

Женската работна сила е слабо синдикално организирана

Во фокусот на вашиот интерес како професор по социологија на трудот е и женскиот труд. На работилница, организирана од Центарот за изведувачки уметности „Мултимедија”, ги презентиравте вашите размислувања за жената и нејзиното учество во светот на економијата. Каде се наоѓа денес женскиот труд во рамките на економскиот систем, во светот и во Македонија.

Речиси низ целата историја на човештвото жените работеле и на нив се гледало како на значајна и неопходна работна сила за опстанокот. Но, трудот што го вложувале тие добивал мало признание од општеството. 

Заради природата на жената, се креирале многу стереотпи кои го лишиле другиот родител од биолошката и емотивната врска со дететото, а жената ја затвориле во сферата на приватниот живот, извршувајќи работи кои ниту мажот ниту општеството не ги признавале како значајни. Во името на својата природа жената морала да го носи целиот товар на репродукцијата на човештвото, да ги поднесува тежините на егзистенцијата за која исцрпувачки се борела, а притоа да не добие никакво задоволство.

Оваа слика значајно се менува во периодот на индустриската револуција кога им е дадена можност на жените за вклучување во сферата на општествено признатиот и економски валоризираниот труд. За капиталистите било многу значајно да ги намалат трошоците за работна сила. Затоа тие ги отвориле вратите на фабриките за жените и за децата кои биле неколкупати помалку плаќани од мажите. Жените биле третирани исто како и децата, вршеле помошни неквалификувани работи. Мажите ги извршувале квалификуваните работи и добивале повисоки плати. Иако ова се инсерти од историјата, сепак и денес состојбата на женскиот труд во доменот на јавната сфера не е суштински изменета. Податоците говорат дека во земјите членки на ЕУ жените во просек заработуваат помалку за 28% од нивните машки колеги. Тоа се должи на фактот што жените главно извршуваат занимања кои се слабо платени. Аналитичарите сметаат дека во секое занимање во кое ќе дојдат многу жени, тоа економски се девалвира. Така, тоа било во почетокот со учителите и секретарите. Тоа биле угледни и добро платени занимања, а подоцна, кога овие занимања ќе станат типично женски, нивниот стаус се менува, а платите се намалуваат. Од друга страна, под влијание на традицијата, жените самите се определуваат за женските занимања за да можат подобро да ги ускладат своите улоги како мајки, сопруги и домаќинки со професионалните улоги. Тоа говори дека денес, и покрај тоа што жените имаат многу полесен пристап кон сите професии и занимања, сепак се забележува дејствувањето на законот на природната поделба на улогите, дури и во светот на професиите. Така, негата, образованието, конфекцијата, воспитанието, хигиената и слично се се уште типично женски занимања бидејќи главно се извршувани од страна на жените. Можеби и мажите би ги извршувале нив, но проблемот е во тоа што се тие многу слабо платени, тука не постојат големи можности за градење кариера и имаат многу низок углед во општеството.

Кои се клучните точки каде  треба да се интервенира за да се постигне еднаквиот третман на женскиот труд и да се надмине дискриминацијата?
Денес водечка идеја преку која се настојува да се елиминира дискриминацијата во сите полиња, вклучувајќи ја и дискриминицијата според припадноста на полот, претставува идејата за еднакви шанси за сите, т.е. еднакви можности за мажите и за жените. Тоа значи еднаков пристап на мажите и на жените кон сите образовни институции на сите нивоа, еднакви шанси да се стекнат со која било професија или со кое било занимање, еднаков пристап спрема политиката и сл. Им се препорачува на владите да вршат афирмација на овие приципи кои главно почиваат врз конвенциите за правата и слободите на граѓаните. Значи, борбата против дискриминацијата главно се одвива на полето на легислативата и од формален карактер. Меѓутоа, оваа еднаквост пред законите не дава сигурна гаранција дека тие права ќе бидат почитувани и реализирани. Меѓународните институции, меѓу кои посебно инситуциите на Европската Унија, вршат притисок врз владите да ги преточат во закони

многуте конвенции, стратегии и препораки. На некои полиња, особено во земјите членки на Унијата, постигнати се значајни придобивки. На пример, за да се оствари принципот на еднакви можности за вработување за жените, неопходно е да постои закон со кој ќе им се гарантира правото за мајчинско отсуство, т.е. родителско отсуство. Но, и тоа не доволно ако не постојат и други институционални предуслови со кои ќе се ускладат семејните и професионалните улоги (поволни детски градинки, флексибилно работно време). За какви можности ќе зборуваме ако жената нема кому да му го довери своето дете, ако детските градинки чинат половина од нејзината плата и не работат попладне. Во секој случај, не може да се остане само на планот на идејата за формалните права, иако тие се многу значајни.

Си ги знаат ли жените своите права како вработени лица, не само во индустријата, туку и во другите сфери?
Во Македонија работниците не ги познаваат работничките права. Мал број меѓународни конвенции се преведени на македонски јазик. Женската работна сила е многу слабо синдикално организирана, така што не постојат институции кои систематски ќе работат на планот на афирмацијата на женските права и слободи. Со оглед на почитувањето на правата и слободите на работниците, како да сме на почетокот од 19. век.

Сепак, еден од најзначајните фактори во борбата против грубата дискриминација на жените претставува вработувањето на жените. Вработеноста не значи само плата која дава чувство на независност и слобода во одлуките, туку и еден од најсигурните начини за партиципација во општеството. Меѓутоа, жените во Македонија и во минатиот систем имаа можности за вработување, многу од нив заработуваа доволно, имаше многу поволни детски градинки, но сепак тоа не ја укина дискриминацијата.

Тоа говори дека не е доволно само вработувањето и високата плата. Значајни се секако правата и слободите кои треба систематски да се практикуваат, но пред сe овде е посебно значајно надминувањето на традицијата во која мажот се чувствува дома како гостин. 

Задоволни ли сте од досегашниот третман на одредени теми поврзани со жената во областа на економијата, образованието, културата, здравството?
Темата во која се третира положбата на жената е речиси нова во општествените науки. Во овој домен најбројни се феминистичките студии кои главно го третираат проблемот на жените, т.е. потчинетоста на жената. Научниот пристап или социолошкиот пристап кој се применува овде е поразличен. Меѓу мажите и жените во текот на историјата се изградиле многу различни релации од општествен карактер. Многу е значаен интегралниот пристап, т.е. конкретното согледување на општествените услови кои не влијаеле само врз положбата на жената, туку врз односите меѓу обата пола. На пример, религијата, средствата за работа, политичкото уредување и културата.

Нема општествена заедница во која религијата ќе прокламира еднакви можности за мажите и за жените, а културата или економскиот поредок ќе ги ускратува нив, и спротивно, економскиот и правниот поредок да одобруваат, а религијата да ги ускратува. Сите нешта се меѓусебно поврзани. Секоја конкретна средина има свои специфичности и не може да се зборува за некој универзален лек. Затоа е потребно добро да се познаваат условите во средината.

Во Македонија недостасува литература за студирање на овие прашања. Минатата година за првпат на постдипломските студии во можностите на Институтот за социологија меѓу изборните курсеви беше и курсот насловен како „Социологија на односите меѓу половите”. Речиси сите студенти се определија за овој курс. Се забележа дека студентите покажуваат голем интерес кон ова подрачје. Се чини дека овој проблем, кој е познат како родови студии, станува популарен и кај нас. Кон ова придонесуваат и грантовите кои овозможуваат реализација на проекти. Но, не е претерано ако се каже дека интересот е еден вид мода. Студирајќи го ова подрачје, забележавме дека литературата на македонски јазик е многу оскудна, а преводите што се направени не го задоволуваат научниот пристап. Кај нас сe уште не постои една специјализирана институција која ќе ја даде посакуваната систематичност на планот на препораките, на планот на истражувањата, но и на планот на практичното дејствување.

Како гледате на третманот на овие прашања од страна на граѓанските организации?
Постојат многу граѓански женски организации, како и нивни ограноци низ цела Македонија. Тие се различни по својата природа. Често на медиумите можеме да видиме што прават некои ГО. Се чини дека постои голема парцијализираност во нивното дејствување кое е одредено со видот на грантовите што ги добиваат за своите активности. Активноста престанува кога ќе заврши грантот. Посериозни претставувања, во смисла на организирање конференции, дебати за одредени теми, давање мислења за одредени случувања, не се забележени во јавноста.

Се чини дека женските организации сe уште како да дејствуваат во лимитираното подрачје кое традиционално општеството го одредило за нив (натпревари во кулинарски вештини и други домаќински вештини).

На пример, не сум слушнала ниедна женска организација да го постави прашањето за положбата на работничките во текстилната индустрија кои работат за многу ниски плати и во многу тешки организациски услови, да се афирмираат јавно принципите за еднаквите можности или да се афирмираат конвенциите за борба против дискриминацијата.

Што недостига за да се направи делотворна стратегија на ова поле?
Мора да бидеме свесни дека и најсовршената и најдеталната стратегија нема да даде брз резултат. Постојат неколку значајни процеси кои можат видно да ја изменат положбата на жената: економско активирање на женската популација, и тоа од сите етнички групи кои живеат тука. На пример, само 11% од жените Албанки фигурираат како работноспособна сила на пазарот на трудот. Тоа се однесува и за Македонките чија активност е поголема (49%), но сепак недоволна во споредба со ЕУ (61%).

Недостига афирмација и практикување на социјалните права на жените, намалување на објективната дискриминација, воведување мерки за борба против субјективната дискриминација, т.е. создавање услови за еднакви шанси во политичкото дејствување, во извршувањето значајни и добро платени работни места, можности за постојано и стручно образование. Недостига споделена грижа за репродукција на новите мали членови на заедницата, т.е. афирмирање на функционалното родителство на обата родитела.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA