|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Хуманитарна акција за подобрување на болничките услови
И на Психијатриската болница “Негорци” & е потребно реновирање
Националниот совет на жените на Република Македонија – СОЖМ, на почетокот од 2007 година, ја формира неформалната лоби-група „Хумана”, со цел да помогне во собирањето неопходна помош за реновирање на Психијатриската болница во Негорци.
Во текот на февруари беше организирана акција за собирање облека, постелнина, ќебиња, хигиенски средства и обувки, а истот месец дел од нив беа и однесени во болницата. Граѓански свет ја следеше втората акција за доставување облека и хигиенски средства, реализирана на 24 февруари. Од Скопје кон болницата во Негорци се упатија Олга Кунгуловска и Душанка Вулгаракис од Здружението на жените на општина Аеродром, „Феникс” и екипата на Црвениот крст на Македонија во состав: д-р Игор Камшикоски, Зоран Маљцев и Зоран Рогиќ.
Психијатриската болница „Негорци” се наоѓа на југот на Македонија, сместена во подножјето на планината Кожуф, седум километри северно од Гевгелија. Патувањето кон неа од Скопје е лесно затоа што цело време се движите по автопатот кој води кон Гевгелија. По самиот влез во градот лесно се наоѓа локалниот пат кој води кон болницата во која нe пречека нејзиниот директор, д-р Петар Кангов, од кого ги добивме основните податоци за оваа здравствена установа. Тој ни објасни дека Психијатриската болница постои од 1972 година, кога била формирана во рамките на Медицинскиот центар во Гевгелија, а од јануари 2006 година дејствува како посебен правен субјект. Во неа се сместени околу 200 пациенти.
Болницата го обезбедува југоисточниот регион. Во неа се вработени околу 90 лица, од кои 10 лекари, 46 медицински сестри, 20-тина болничари и болничарки, технички персонал, социјални работници. Сместена е на простор од 3 до 4 хектари, во неа има 8 објекти со 10 психијатриски одделенија, а пациентите се поделени според полот, типот на заболувањето и степенот на заболеноста. Во просек едно одделение има од 20 до 25 пациенти. Дел од болничките згради се релативно стари. Градени се во периодот од 1945 до 1947 година, со намена да имаат станбена функција, но подоцна се пренаменети. Во текот на 70-тите години се изградени објектите Д1 и Д2, објекти за акутни психози, во текот на 80-тите изградени се два монтажни објекти со капацитет од околу 90 пациенти. Во обидот да ја утврдиме моменталната состојба во болницата, д-р Петар Кангов нагласи дека потребите од реновирање во болниците се постојани.
„Никогаш не може да се каже дека се завршени сите работи во болницата и дека веќе нема потреба од реновирање. Оштетувањата на ѕидовите и на прозорците се непрекинати и тоа се случува многу побрзо отколку во други установи од здравствен тип. Тука ѕидовите постојано се оштетуваат, вратите постојано се кршат. Тоа се нашите услови, нашето секојдневие. Ние не можеме овде да донесеме пациенти по наша желба. Додека трае психозата, пациентите се склони да скршат прозорец, да се скрши врата, да се измокри креветот. Затоа овие болници имаат поголема потреба од реновирања во однос на другите болници, во однос на другите институции” - рече Кангов.
Откако нe упати во актуелната состојба во болницата, направивме посета во сите одделенија. При посетата на институции од овој тип често пати може да се јави чувство на мачнина. Тука тоа не беше случај. Одделенијата, и покрај тешките услови, беа чисти и средени. Пациентите или одмараа или ги вршеа своите секојдневни задолженија. Одделенијата се распоредени во посебни објекти кои се поврзани со широк парк што го користат сите пациенти кога времето е сончево.
При прошетката низ болницата д-р Петар Кангов нe однесе до просториите на кои им е најнеопходно реновирање, Тоа е просторот каде што се наоѓа кујната. Старата кујна е прилично руинирана, со застарени услови, вентилацијата е лоша, се кондензира водена пареа. Таа е реновирана пред една година, но ѕидовите попуштаат. Веќе е подготвен проект со кој би се направила нова кујна, а истовремено би се добила и нова трпезарија. Втора неопходна работа во болницата е нова машина за перење од голем капацитет, бидејќи постоечката е преоптоварена.
Откако добивме целосна слика за состојбата во Психијатриската болница „Негорци”, беа растоварени пакетите со облека и хигиенски средства кои беа донесени тој ден. За екипата на Црвениот крст на Македонија тоа се дел од вообичаените активности, но сепак д-р Игор Камшикоски ни ја објасни нивната улога во акцијата.
„Нашата улога е волонтерска, хуманитарна, тука сум како командир на медицинскиот тим, на единицата за одговор при катастрофи, единица којашто е во склоп на Црвениот крст на град Скопје и Црвениот крст на РМ. Единицата има пет тима. Зоран Маљцев е командир на логистиката, а постојат уште три тима: за безбедност во вода, за безбедност во планина и за прочистување вода. Единицата првпат е формирана во 1994, но од 2004 г., со тренинзи и обука, функционира под полна пареа. Нашата улога овде и во овој момент се одвива токму на принципот на кој се заснова Црвениот крст, принципот на хуманитарноста, хуманоста, човечкото во нас, волонтеризмот и желбата да помогнеме во секоја ситуација. Соработката е комплетна, а овде излеговме во пресрет во рамките на нашите можности. Кога се работи за хуманост, нема едноставност, нема граници, буквално тоа е во нас, тоа е она што сакаме да го направиме како волонтери и, едноставно, како луѓе” - вели Камшикоски.
Националниот совет на жените на РМ е главниот иницијатор на програмата за подобрување на условите за престој и работа во Психијатриската болница „Негорци”. Конкретно, во реализацијата на оваа акција учествуваа Олга Кунгуловска и Душанка Вулгаракис од здружението Феникс.
„Откако дознавме за лошата состојба во Психијатриската болница во Негорци, во нашата програма влезе реализацијата на собирање средства за да се овозможи подобрување на состојбата и условите во болницата. Со цел да се изградат нови градежни делови и да се учествува во подобрување на условите во болницата, сите активистки од здруженијата во Скопје носеа алишта во пунктот за стари алишта. Објавивме повик дека има потреба за алишта наменети за болницата. Оттаму, како што беа собрани и спакувани, ги донесовме во болницата. Пред 1,5 месец, во посебна хуманитарна акција, беа собрани финансиски средства и при првата посета на болницата беа донесени нови ќебиња, чаршави, постелнина, облека. Тогаш донесовме одлука во својата хуманитарна програма да ја внесеме континуираната активност со цел да се реализира постојано собирање средства за подобрување на квалитетот на животот во болницата” - нагласи Олга Кунгуловска.
Присуствувавме на една од бројните акции кои ќе следуваат во текот на целата година. По завршувањето на хуманитарната акција, тој ден се продлабочи свеста дека хуманото дејствување треба да продолжи и понатаму. Потребата од континуирана помош за болницата е евидентна. Неопходна е постојана помош за реновирање на ѕидните и подните плочки и дел од собите за престој на пациентите во болницата во Негорци. Исто така, потребата од алишта, ќебиња и постелнина е постојана.
Активностите на лоби-групата „Хумана” при Националниот совет на жените на РМ, кои ќе се одвиваат во текот на целата година, се апел до сите кои се во можност да помогнат и да го направат тоа и на тој начин да ја изразат сопствената хуманост.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|