ВИЛА ЗОРА
Збирка на меѓународни конвенции и протоколи
Здружението Вила Зора од велес ја издаде збирката на меѓународни конвенции и протоколи, во која се претставени 10 меѓународни документи што се однесуваат на животната средина (шест конвенции, еден протокол и три амандмани на протокол), а кои се ратификувани од нашата држава.
Оваа публикација е финансирана од Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Унгарија, од фондот за финансиска поддршка на локални проекти во рамките на Програмата за регионална обнова и реконструкција на животната средина (РЕРЕП).
|