Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 23 Јануари 2003  Тема

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

РЕПОРТАЖА: ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

Ден за мајтап, но и тркало на развојот

 

Секоја година Карневалот во Вевчани е ново доживување, па, многумина верно ја посетуваат оваа манифестација, вклучувајќи се во паганската атмосфера на бркање на лошите духови, оние кои лебдат околу нас, но и оние во нас. Вевчанскиот карневал привлекува с$ повеќе гости, а покрај граѓаните на Македонија, за него слушаат и го посетуваат и странците кои престојуваат во нашата држава, а доаѓаат и гости од Грција, Бугарија, понекогаш и од подалеку…

Маријана Иванова
Фотографии: Анастас Ќускоски

Велат - никогаш не се пробивајте во првите редови кога поминуваат поворките од Горна Маала и од Долна Маала за време на Вев­чанскиот Карневал. Бидејќи, може сешто да ви се случи - да бидете полеани со вода, натепани со камшик од коњско влакно, и слични “мајтапштини”. Годинава, оние кои сакаа маските да ги посматраат од првите редови, беа испрскани со малтер и со кал кои градежната тајфа, една од групните маски, со лопати и мешалка ги фрлаа врз публиката. Имаше викање и пискање, но никако лутење. Се знае - карневал е, а тогаш е с$ дозволено. Јас го послушав советот и гледав “сеир” отстрана.

Тој 13 јануари во Вевчани беше можеби минус осум целзиусови, но студот никој не го забележа. На сите вевчанци и на сите кои тој ден дојдоа да го видат овој прочуен карневал, температурата им беше качена од општата возбуда. Додуша, се делеше и вино и топла ракија.


Бркање на лошите духови

И годинешниов Вевчански карневал беше сосема посебен и сосема уникатен, како и многу други кои се случиле во текот на 11-те века традиција. Никогаш не се повторуваат истите маски, секогаш има различни ѓаволи, вампири, разно-разни чудовишта, вамп-дами (всушност мажи), чудни животни, политички актуелни маски… Секоја година Карневалот во Вевчани е ново доживување, па мно­гумина верно, секоја година, ја по­сетуваат оваа манифестација, вклучувајќи се во паганската атмосфера на бркање на лошите духови, оние кои лебдат околу нас, но и оние во нас. Така, сите се вклопуваат во настанот, катарзично викаат, играат, пеат.

Лиле, Анастас, Тоше, градоначалникот Васил Радиноски (кому, патем, му беше и именден) - нашите домаќини, се трудеа да ни ја појаснат сета таа збрка и подвижна галерија на фантазија. Она што секогаш се повторува, разбравме, се невестата (пак маж) и младо­женецот, кои, предводени од другите “васи­личари” мораат да поминат во секоја куќа, а на секого што ќе го сретне,  “невестата”  ќе му бакне рака, по што, се знае - тој треба да даде некој денар. Во Вевчани овој адет е начин на собирање средства кои се слеваат во еден фонд за хуманитарна помош.

За време на Вевчанскиот карневал секоја куќа е отворена за секого. Но, најмногу време се минува на улиците. Маскираните се шетаат низ целото место, ги пресретнуваат и ги плашат минувачите, “паѓаат” најразлични шеги и мајтапења, а иако се кажуваат и пцости и “простотии”, никој ниту се лути ниту се навредува. На тој начин луѓето сосема се ослободуваат од тензиите и притисоците на секојдневието и се ослободуваат од лошото во себе. Всушност, тоа е и идејата - да се ослободиме, да исфрлиме с$ што не чини од себе, за да влеземе чисти во Новата година.

А Новата година обично се пречекува на Вевчанските извори. За вевчанци Новата година почнува на 14 јануари и тоа мораат да го прифатат и нивните гости. Го при­- фативме и ние, а тоа беше едно од најубавите места каде ја имам “пречекано” Новата година. Нова или Стара-Нова, не е важно. Важно беше што си честитавме и посакавме “за многу години” во амбиент како од бајките: покрај чудесните извори, под небото преполно со ѕвезди, на земјата која бисерно светеше од мразот, во маглината која се креваше од водата, опкружени со бујната вегетација и мистиката на ова место, додека во далечината “бесно” пиштеа васи­ли­чарските зурли и удираа тапаните…

Вевчани во мрежата на карневалски градови

- Вевчани во 1993 година стана член на ФЕЦЦ - Здружението на европските кар­невалски градови. За зачленувањето важен момент беше посетата на претседателот на ФЕЦЦ, г. Хенри Фердинанд ван дер Крон, кој го проследи Карневалот и беше вооду­шевен од него. Со зачленувањето Вевчани беше назначен и како седиште на ФЕЦЦ за Македонија - ни рече градоначалникот на Вевчани, г. Васил Радински, кој ни ја покажа и необичната капа какви носат „функционерите“ на ФЕЦЦ, а која тој со гордост ја носи во сите настани поврзани со Карневалот.

Планови за развој

Карневалот продолжува и наредниот ден, со традиционалните обичаи - се подготвува таканаречен кашаник со паричка, а потоа се оди на гости кај сите кои се викаат Васил. И натаму се игра и се свири на улиците, пара­дираат маските, се слави цел ден доаѓањето на Новата година, а симболично за­ми­нувањето на злите и настапувањето на добрите духови.

Овие два дена мајтапење за Вевчани се многу повеќе од мајтап. Пред с$ и можеби и поважно од с$, тоа се денови кои ја збли­жуваат заед­ни­цата, ги пов­рзуваат и ги поми­руваат жи­телите. Другите позитивни ефекти се соз­да­вањето пози­тивна енергија, катарза на душата и на умот, негувањето на традицијата…

Но, Вевчанскиот карневал с$ повеќе станува и тркало на развојот. Тој привлекува с$ повеќе гости, а покрај гра­ѓаните на Македонија, за него слушаат и го посетуваат и странците кои престојуваат во нашата држава, а доаѓаат и гости од Грција, Бугарија, понекогаш и од подалеку. Ретко кој, којшто бил во Вев­чани, не посакува да дојде уште еднаш, да ги види Вевчанските из­вори и налето (тие се уре­дени, по­ставени се огради, мов­чиња, а навечер се освет­лени - со финан­сиска помош од Мини­стер­ство­то за животна сре­дина и про­с­­торно планирање), да ги проба вевчанските гур­мански специјалитети во ресторанот Виа игна­ција, со прекрасна бавча, и во новоотворениот рес­торан Домаќинска куќа, со од­лична кујна и топол, автен­тичен амбиент.

Наскоро во Вевчани ќе може и да се престојува - се планира отворање мал хотел, што ќе биде уште едно нешто кое ќе ги задржи гостите кои доаѓаат за Карневалот - тие нема да мораат да си одат првиот ден или пак да преспиваат во некој од струшките хотели (тие, патем, годинава немаа греење!), туку ќе можат да ја поминат ноќта во ма­гичната атмосфера на Вевчани, за изутрина да бидат разбудени од василичарските тапани.

Она што му недостасува на Вевчани се можеби некои туристички елементи - су­венири, организирани посети на околината, соби за приватно сместување. Но, планови во општината постојат за развој на туризмот кој се базира на традиционалното и на природното наследство. Најглавно е дека вевчанци го имаат Карневалот!



Вевчани - жив музеј

Во настаните околу популаризирањето и ставањето на Карневалот во функција на локалниот развој поддршка даваат и домашните и странските фондации. Во Вевчани се спроведува проектот “Вевчани - жив музеј”, кој е дел од Програмата “Живо наследство”. Како што може да се насети од насловот на оваа програма, нејзината цел е да помогне локалното културно на­след­ството да се искористи како импулс за развојот на заедниците. Програмата “Живо наследство” во Маке­донија ја спроведуваат белгиската фон­дација Крал Бодуен и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Проектот “Вевчани - жив музеј” има за цел да го популаризира културното и природното наследство: Кар­невалот, обичаите, фолклор­ното наследство, вевчанските извори и останатите елементи на овој вид наследство, преку организирање фото-изложби за Вевчанскиот карневал, обнова и пре­зен­тација на народните ора и обичаи, уре­дување на околината на из­ворите и изда­вање водич за све­тилиштата околу Вевчани. Карневалот и неговата популаризација го помогна и МЦМС, преку финансирање публикација и издавање ЦД под наслов “Вевчански карневал”. Изложбата на фотографии за Карневалот и промоцијата на оваа публикација и ЦД го означија почетокот на годинешниов Вевчански карневал, а беа поздравени од министерот за култура, г. Благоја Стефановски, кој зборуваше за значењето на Вевчанскиот карневал како една од најважните и најатрактивните културни манифестации во Македонија.

 

©MCMS - designed by KOMA