|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
|
НАСТАНИ |
 |
 |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
|
ОХИС
Формиран еколошки парк
ОХИС, еден од најголемите индустриски субјекти во Македонија, реализираше една еколошка иницијатива – формираше еколошки парк во кругот на фабриката во Скопје. Еколошкиот парк е формиран во рамките на акцијата „Чиста и зелена Македонија” што ја спроведува Програмата за развој на ООН - УНДП. Паркот се наоѓа во непосредна близина на погоните на ДОО ОХИС Филком, на површина од 2.250 квадратни метри. Во него се засадени 350 разновидни дрвца кои ќе претставуваат филтер за загадувачките материи и ќе го подобруваат квалитетот на воздухот во кругот на фабриката и во пошироката околина. Цената на чинењето за реализација на еколошкиот парк е 50.000 германски марки.
| |
|
|
|
|