Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Деца

   

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА МАКЕДОНИЈА 

Правата на децата - во зачеток или непознати

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, во рамките на својот извештај за минатата година, посебен дел им посветува на правата на децата. Според Извештајот, „Седум години по ратификувањето на Конвен­цијата за пра­вата на детето во Република Македонија, децата сe уште не се трети­раат соодветно како субјекти на правото. Нивните права често произлегуваат од правата на родителите и семејството, а Законот за семејство, во делот во кој се уредуваат односите помеѓу родителите и децата, ги определува правата на родителите, а воопшто не зборува за правата на децата. Правото на детето на активно учество во заедницата и во училишниот систем сe уште е во зачеток или е сосем непознато”.

Комитетот смета дека Центрите за социјална работа делуваат непро­феси­онално и незагрижено, а заедно со полицијата, здравствените установи и училиштата не се доволно обучени за заштита на децата кои се жртви на насилство и злоупотреба.

„Не постои точна евиденција на злоупо­требени деца, улични деца, случаи на злоупотреба на детски труд, трговија со деца и деца вклучени во малолетничка проституција, иако е јасно дека бројките не се занемарливи; нема засолништа и прифатилишта за деца од улица, деца кои се физички и психички малтретирани, сексуално злоупотребени, а Законот за заштита на децата, донесен во ноември 2000 година, не содржи соодветни одредби кои се однесуваат на правото на детето на недискриминација, најдобар интерес на детето, правото на детето слободно да го изразува своето мислење, слободата на мисла, совест и веро­исповед, правото на приватност и така натаму” - се вели меѓу другото во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA