|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Граѓанска иницијатива на жените - ГИЖ, Свети Николе
Економско и политичко јакнење на жените
Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе започнала да работи во 2001 година како неформална група составена од шест претставнички на локалната самоуправа, синдикатот, бизнис секторот, медиумите и граѓанскиот сектор. Првичната идеја, како што ни рече претседателката на ГИЖ, г-ѓа Ирина Поцкова, била да се иницираат активности на полето на економското јакнење на жената.
“Функциониравме како неформална група на граѓани до ноември 2002 година”, вели г-ѓа Поцкова, “заради неможноста да пристапиме кон фондовите на потенцијалните донатори ја формализиравме групата и спроведовме постапка за регистрација. Денес нашето здружение брои 120 членови и нашите основни активности се насочени кон економското и политичкото јакнење на жените од општината Свети Николе”, додаде таа.
Уште првиот спроведен проект ја профилирал Граѓанската иницијатива на жени. Со “Патишта и можности-сама до сопствен бизнис” 20 жени биле обучени како да регистрираат претпријатие, како функционира претпријатие, како да им се пристапи на кредиторите и донаторите, како да се организира маркетинг и пласман на производот. Биле обучени 10 жени за работа со компјутери, а била издадена и брошура “Патишата и можности-сама до сопствен бизнис”.
Во спроведувањето на проектите, ГИЖ не застанува само на обуката, туку се обидува на обучените да им даде можност и практично да ги спроведат знаењата. Така, по обуката на 40 лица за производство на градинарски култури и цвеќе под пластеници, ГЖИ во соработка со ЈП Македонски шуми обезбедила пет пластеника за период од пет години каде пет жени и практично можат да го започнат својот бизнис. Исто се случило и со уште еден проект кога по издавањето на прирачникот “Контејнерско производство на расад”, ГЖИ во соработка со Агенцијата за унапредување на индивидуалното земјоделство од Свети Николе, на заинтересираните им доделила 2000 контејнери за производство на расад.
“Можеме да се пофалиме со добра соработка со локалната самоуправа”, вели претседателката Поцкова. “Благодарение на таа соработка беше реализирана иницијативата на ГЖИ за отворање Граѓански информативен центар, а се надеваме дека позитивно ќе заврши и нашата иницијатива за отворање на Центар на женското претприемништво.”
Организацијата има добри релации и со другите организации на граѓанското општество. Во соработка со Организацијата на жени на општина Свети Николе и Здружението на Роми спроведено е истражување чија цел е да ги открие причините за малото присуство на жените на одлучувачките места. Заедно со Здружението на Роми се спроведува и проектот Интеграција на младите во општеството.
Во овој краток период на постоење, Граѓанската иницијатива на жени спровела уште неколку други проекти: Родово буџетирање, Децентрализација сега и денес итн. Членките на организацијата сметаат дека на полето на економското и политичкото јакнење на жените има уште многу да се направи, затоа се решени да продолжат по истиот пат надевајќи се дека ќе имаат се повеќе и повеќе соработници и следбеници.
Контакт: ГИЖ, Свети Николе Плоштад Илинден бб, 220 Свети Николе, 032/444-322 (канцеларијата е отворена секој работен ден од 10-12 часот)
Гонце Јаковлеска
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|