|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
По одржаната регионална конференција за правна и фискална рамка на граѓанските организации
Јавниот интерес во Македонија не е дефиниран
Подобрувањето на условите за основање и функиционирање на граѓанските организации и нивното усогласување со најдобрите европски практики е тема на којашто изминативе неколку години е многу често дебатирано меѓу претставниците на граѓанските организации, на одговорните државни органи и домашните и меѓународните експерти. Во таа насока беше и дводневната расправа на „Регионалната конференцијата за правна и фискална рамка на граѓанските организации”, одржана на 24 и 25 септември во Скопје, во организација на ФИООМ и на МЦМС, а во рамките на проектот „Поддршка на националниот форум/платформа за граѓанското општество”, финансиран од Европската Унија и раководен од Европската агенција за реконструкција. ЕЦНЛ учествуваше со свои експерти кои ги пренесоа меѓународните искуства.
Имајќи го предвид фактот дека во тек е подготовка на нов текст на Законот за здруженија на граѓани и фондации, на конференцијата се расправаше за прашањата кои во изминатиот период и кои с$уште предизвикуваат внимание и полемика кај експертите, претставниците на одговорните државни органи и практичарите од граѓанскиот сектор.
Четири групи прашања беа клучни: 1. правото на слободно здружување; 2. управувањето во граѓанските организации; 3 директните економски активности; и 4. статусот од јавен интерес.
Исто така, на конференцијата беше отворена темата за директна финансиска поддршка на граѓанските организации од страна на државата, како и за примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.
1. Правото на слободно здружување беше разгледувано од аспект на три прашања околу кои с$уште постојат различни ставови. Имено, правото на основање здруженија од страна на правни лица, правото на здружување на странците и правото на здружување на малолетните лица се прашања кои во најголем број земји во Европа се одамна апсолвирани. Спротивно на европските практики, рестриктивното толкување на Уставот од страна на некои експерти во Македонија с$уште не ги дозволува овие основни слободи утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи потврдени и во пресудите на Европскиот суд за човекови права.
2. Управувањето во граѓанските организации, односно поделбата на извршните и управните органи, беше тема која предизвика значително внимание.
Класичната поделба на органите во западноевропските земји е јасна поделеност на управните од извршните органи, наспроти практиката во граѓанските организации во земјите од централна и од источна Европа каде што овие две функции с$ уште се мешаат или се во надлежност на едно тело.
Постоечките одредби во Законот за здруженија на граѓани и фондации поради неусогласената терминологија создаваат одредени забуни во надлежностите и јасната поделба на управните и на извршните органи во здруженијата на граѓани и во фондациите.
Беше истакнато дека во моментов во граѓанските организации во Македонија не постојат механизми за балансирана поделба на моќта за донесување одлуки и внатрешна контрола на работата, иако има поразвиени граѓански организации кои можат да служат како добри примери на воспоставени внатрешни демократски органи.
3. Економските активности се важен извор на средства за граѓанските организации и директно придонесуваат за одржливоста на граѓанскиот сектор. Меѓународна пракса е на граѓанските организации да им се овозможи директно занимавање со економски активности како начин на финансирање на нивните активности. Во сите земји е јасно наведено дека приходите стекнати од економски активности мора да бидат употребени за финансирање на работата на организацијата и не може да бидат дистрибуирани на приватни лица.
Република Македонија е единствена земја во Европа која на граѓанските организации, според законот, не им дозволува директно занимавање со економски активности.
4. Меѓунардното искуство покажува дека во многу земји е позната практиката на издвојување на одредени организации кои врз основа на нивните цели и активности имаат определени права, предности и олеснувања, а наедно подлежат на постриктни обврски за одговороност, отчетност и транспарентност. Дефинирањето на јавниот интерес и организациите кои може да се здобијат со ваквиот статус во различни земји различно е регулиран. Најчести корисници на статус од јавен интерес се здруженијата на граѓани, фондациите, други непрофитни форми на здружување (на пример, непрофитни компании во Унгарија или здруженија на единиците на локалната самоуправа во Полска). Не постои пракса за здобивање со овој статус од страна на политичките партии и синдикатите. Најчестите бенефиции за ОЈИ се: даночните олеснувања, државно финансирање, изграден имиџ во јавноста и сл., додека обврските се: построги правила на управување, обврски за одговорно, транспарентно и отчетно работење, финансиски извештаи и независни ревизии и сл.
Јавниот интерес во Македонија не е дефиниран. Одредби за статус на организација од јавен интерес беа предвидени во предлог-измените на ЗЗГФ од април 2006 година, кои не беа усвоени од Владата и затоа ова прашање е едно од клучните коишто треба да се решат со новите одредби на Законот за здруженија на граѓани и фондации.
Конференцијата заврши со работа во групи каде што беа анализирани искуства во примената на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и понатамошни активности и се разгледуваше прашањето што би требало да се обработи во стратегијата за развој на волонтерство во Република Македонија?
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|