Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 35 Фебруари 2004

   

Граѓанскиот сектор за Претседателот Борис Трајковски

Вистински алтруист и миротворец

Целата организациска структура и сите волонтери на Хуманитарната организација „Ел хилал“ длабоко се трогнати по трагичното загинување на претседателот Борис Трајковски. Изгубивме еден голем хуманист, шеф на државата кој на оваа висока функција доаѓа како докажан активист во граѓанскиот сектор, човек со племенити особини, мудар, одмерен, скромен, реалист, особини својствени на еден граѓанин на една мултикултурна и мулти-конфесионална држава. Во таква Македонија, претседателот се залагаше сите граѓани да ги почитуваат бла­годетите на универзалните вред­ности, со кои беше убеден дека може да се зајакне демократијата и да се создадат услови за мир и благосостојба. Тој даде голем придонес за развојот на гра­ѓанското општество, со без­резервно   поддржување на граѓанските акции. Ја знаеше вредноста на невладините орга­низацији и нивната улога во будењето на граѓанската свест и достоинство. Неговата поддршка за етаблирање на НВО во одлу­чувачките процеси во државата никогаш не изостана. Претседателот Трајковски занаеше дека  унапредувањето на мировниот процес, според демократските принципи и прифатените меѓународни стандарди, зависи од неми­новното масовно вклучување на сите граѓани во нив. На последниот саем на НВО одржан во Скопје, посетувајки ги штандовите,  Прет­седателот се задржа и на штандот на ХО „Ел хилал“, разговарајќи непосредно со акти­вистите, покажувајќи интерес за работата и активностите на организацијата. Неговите стимулативни и инспиративни зборови за одржување на виталноста на граѓанските активности ќе останат во долго сеќавање кај активистите на Ел хилал, кои покојниот претседател ќе го паметат како вистински алтруист и миротворец.

Хуманитарна организација „Ел хилал“

 

 

Почитувач на правата на секој човек

Претседателот Борис Трајковски имаше голем придонес во развојот и јакнењето на гра­ѓанскиот сектор, особено со своето раз­бирање за важноста и неопходната соработка со невладините организации. Познато е дека тој беше покровител на НВО Саемот.

Претседателот Трајковски беше почитувач на правата на секој човек, како и на женските права, како човекови права.

Активностите на Сојузот на организациите на жените на Македонија претседателот ги знаеше и следеше, но ќе издвоиме еден момент. Во 2001 година, кога државата мину­ваше низ тешка криза, на негово барање се сретнавме за да го споделиме искуството и знаењето од СОЖМ како активистки на мирот,  и тоа на некој начин му помогна во дејству­вањето за разрешување на состојбите во државата.

Тој знаеше дека во нас има поддржувачи на мирот и праведноста.

Смртта на претседателот Борис Трајковски е голема загуба, пред се за неговото семејство, но и за граѓанскиот сектор кој за него беше многу важен дел од општеството. Тој и самиот беше дел од него.

Сојуз на организациите на жените на Република Македонија

 

Долг (Колку е – толку е – токму е)

Како претставник на една мала организација, која обединува мали луѓе што се борат за „без­начајни“ работи, имам еден ГОЛЕМ долг кон човекот Борис Трајковски. Долгот не се состои во она што прво ни паѓа на памет при спо­менувањето на тој збор. Вистинскиот долг е во неверојатната количина ВЕРБА со која не дарува и во исто време не задолжи тој човек.

Деновиве добив еден куп прашања во стилот „Што тоа направи Борис за Вас?“ И постојано како одговор ми доаѓа на памет парафразата на една поема од Гане Тодоровски која може да биде и цел заклучок сам за себе. Но сепак:

Сето она што претседателот Борис Трајковски го направил за хендикепираните би можело да се гледа и од перспектива на вршење на редовни претседателски обврски. Но дали таа флоскула опфаќа се?

Откажувањето на важен состанок за да може да ги погледа фотографиите на изложбата на тема „хендикеп“ не е за редовно претседателско очекување. Доцнењето на еден друг состанок за децата од специјалната олимпијада да може да се изнасликаат со претседателот, исто така. Оставањето на сегашниот премиер да почека за да може да помуабети со ненајавените протес­танти - никако. Напуштањето на свита од претседатели за да може да ги поздрави хендикепираните кои случајно имаат некаква работилница во Охрид! Вмешување и расчис­ту­вање (дури и судско) на отворена провокација во случајот на Саше и неговата нива врз која лежи претседателската резиденција!!! Купувањето шамии изработени од лица со тежок ментален и физички хендикеп за својата сопруга и ќерка, и тоа од својот личен паричник!!!

Верувам дека овие примери не се единствени.

Но она што е најважно, она што останува е вербата. Вербата што ја влеја човек што верува дека ова парче земја може да стане попријатно место за живеење, и тоа за сите кои се затекнале тука на некаков начин. На нас, пак, на тие што изгубивме пријател и инспиратор, ни останува да истраеме на тој пат, да не ја заборавиме пораката, и да не ја изгубиме вербата што ни ја влеја човекот Борис Трајковски.

Само така ќе може да се оддолжи дол­гот.

Звонко Шаврески „Полио плус“


Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA