Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 73

   

Мозаик - успешен модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание

Билингвалните групи ја потврдија моќта на комуникацијата

Во седум градинки во пет града во Македонија се одвива мошне впечатливиот модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание на деца од 3 до 6-годишна возраст наречен „Мозаик”. За него најмногу знаат дел од родителите кои се одлучуваат наместо во класична група во градинка, своето дете да го пратат во македонско-албанска, македонско-српска или македонско-турска група, но знаат и нивните роднини, пријатели. Од пред една година стекнатите позитивни искуства се пренесуваат и на Косово.     

Официјалните почетоци на проектот Мозаик во земјава се врзуваат за 1 септември 1998 година, кога по претходна едногодишна подготовка на воспитувачките и опремување на соодветни простории започнал како пилот-проект во градинките „Орце Николов’ и „Снежана” во Скопје и „Ангел Шајче” во Куманово. На почетокот групите броеле 16 деца, за на крајот на 2006 година бројот да се зголеми на 510 деца. Билингвалните групи на Мозаик и оваа есен ќе ги пречекаат малите граѓани  во градинките „Орце Николов” -клон „Орце Николов” 2; „25 Мај” - клон „Синолочка” и „Р. Ј. Корчагин” - клон „Пепелашка”, во Скопје (македонско-албански групи); „Ангел Шајче” - клон Буба Мара во Куманово (македонско-српска и македонско-албанска група);  „8 Март” - клон „Сонце” во Струга и „Брејша” во Дебар (македонско-албански групи) и во ОУ „Мустафа Кемал-Ататурк” во Гостивар (македонско-албанска и македонско-турска група). Проектот е во последната фаза на спроведување, во период кога мошне интензивно се размислува за интегрирање во македонскиот образовен систем, што е и негова долгорочна цел.       

„Целата идеја на почетокот беше на децата уште од мала возраст да им се овозможи да се социјализираат со деца од друга етничка заедница.  Програмата ја создадоа родители кои сакаа да им дадат нешто повеќе на своите деца, попривлечни услови за работа во градинка, што образовниот систем не им го обезбедуваше. Мозаик има две компоненти, едната е развојно-педагошка, а другата билингвална. Преку првата, на децата им обезбедуваме флексибилен дневен режим, постои индивидуализиран пристап во работата со нив. Особено важно е што во оваа развојно-педагошка компонента се вклучуваат и вештини за решавање конфликти, со кои прво беа обучени воспитувачките” - вели Вилма Венковска-Милчев, директорката на образовната програма во организацијата Потрага по заедничка основа, со седиште во Скопје, која го реализира проектот. Таа напоменува дека од почетокот проектот се реализира со одобрение од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за образование, а информациите за неговото постоење од град во град се шират, главно преку стекнатото позитивно искуството од родителите чии деца веќе биле во некоја од групите.

„Родителите можат најдобро да сведочат колку нивното дете било задоволно да биде присутно во групата Мозаик. Обично своите деца во групите ги запишуваат родители отпорни на социјалниот притисок. Групите се единствени кои во 1998 година беа опремени со голем број катчиња, играчки, дидактички материјал и компјтери. Во почетокот информирањето одеше тешко, но сега имаме и по 60 до 70 деца на листа на чекање во градинките, бидејќи бројот во групите е ограничен од 18 до 20, при што пропорционално се застапени деца од две етнички заедници. Мозаик е мултикултурен, билингвален проект, бидејќи комуникацијата се одвива на два јазика, а ги вклучуваме јазиците на заедниците, во зависност од нивната застапеност во општината. Во оваа фаза на процесот на децентрализација на власта, а со тоа и на образованието, во нашата стратегија вклучивме и работа со локалните заедници” - посочува  директорката.

 

Кумановско искуство

Воспитувачката Јадранка Симовиќ во македонско-српската група во градинката „Ангел Шајче” - клон „Буба Мара” во Куманово, работи веќе четири години. Со децата зборува српски, а врз основа на своето претходно искуство со работа во градинки и во забавишни групи ги потенцира особеностите на Мозаик.

„Мозаик многу се разликува од другите групи. Тука работиме исклучиво на два јазика. Најмногу внимание $ се посветува на билингвалноста и голема предност е што децата, покрај што го изучуваат својот мајчин јазик, се запознаваат и со културата на другарчето. Целта не е да се научи другиот јазик, туку да се воспостави комуникација меѓу децата од различна националност. Иако не го знаат јазикот, тие преку игра се разбираат и меѓусебно се слушаат. Куманово е град каде скоро сите деца зборуваат на кумановски дијалект. Овде учат литературен македонски и српски јазик и го прошируваат своето знање. Уште од самиот почеток јас зборувам исклучиво на српски, а колешката на македонски јазик, а на децата од првиот ден им се објаснува во каква група доаѓаат. Кај нив не постои проблем, тие брзо се снаоѓаат и се разбираат, како во оваа група, така и во македонско-албанската. Играат иста игра, а зборуваат на своите јазици” - вели Симовиќ. 

Воспитувачките говорат, читаат, разкажуваат на српски и на македонски јазик со што се развива љубовта кон двата јазика подеднакво. „Во овдешните групи децата се запознаваат со културата на Македонците, на Србите и на Албанците. За одредени празници се оди во посета на домовите на децата, за да се види како се слави Бајрам, Велигден, Божиќ” - вели воспитувачката.  

Родителите за своите деца плаќаат исто колку што чини престојот и во другите групи во градинките во земјава, но немаат обврска да купуваат материјали за работа. Како голема предност се потенцира и фактот дека доколку не сакаат, децата не мора да одат на спиење, туку можат да играат „мирни игри”. Во програмата се вклучени и родителите на децата, со кои воспитувачките одржуваат работилници на различни теми, често и за начините на справување со конфликтни ситуации, кои настануваат меѓу децата, и меѓу родителите и децата. Родителите имаат можност со своите деца да изработуваат различни предмети, но и да поминат цел ден во групата.   

Жаклина Миленковиќ, како мајка на Марко, првиот ученик во македонско-српска група, со задоволство го пренесе своето искуство.
„Националната компонента ни беше првата идеја за да го запишеме Марко во групата. Во Куманово тој нема можност да посетува настава на српски јазик, ние сме по националност Срби, а дома се говори на кумановски дијалект. Имав желба моето дете да знае српски јазик, но тоа набрзо, откако ја осознав суштината на програмата, стана најспоредната работа поради која е моето дете тука. Начинот на работа, различната возраст на децата, пристапот, работата на воспитувачките се за секоја почит. Со задоволство го носев детето тука, иако имав градинка пред зградата. Јас работам во училиште по српски јазик надвор од градот и можам да кажам дека според програмата, начинот на работа, условите во кои се работи, опременоста со технички помагала овие групи во голема мера се разликуваат од другите. Марко, освен интелектуалниот развој, тука стекна и одредени специфични вештини” - потенцира мајката. 

     

Мозаик се прошири и на Косово

Мозаик  во Македонија се спроведува  во соработка со Швајцарската агенција за развој и со Шведската меѓународна агенција за развој. Отворените билингвални предучилишни групи како такви засега се единствени на Балканот. „Можеби постојат на некои од странските јазици, но се единствени на локалните јазици. Нивната големина е во тоа што овозможуваат да се разбираат луѓе кои живеат на едно место, кои се непосредно блиски едни со други” - посочува Венковска-Милчев.

Организацијата Потрага по заедничка основа потпишала со Министерството за труд и социјална политика писмо за намери, како предоговор помеѓу владите на Швајцарија и на Македони­ја за соработка, која вклучува и буџетско покривање на трошоците за работа на воспитувачките од страна на Министерството, и очекува општините да ја финансираат работата на воспитувачките. Засега само една од нив се финансира преку буџетот. Организацијата од почетокот на реализацијата на Мозаик ги покрива целокупните трошоци на програмата и платите на другите воспитувачки, иако се очекува ингеренциите етапно да се прелеваат кај општините, пред сe поради различната економска состојба во која се наоѓаат. 

По барање на организацијата „Спас на децата” (Саве тхе цхилдрен) од Косово, проектот започна да се спроведува и на Косово. Годинава се отворени бошњачко-албанска и албанско-турска група, во Пеќ и во Приштина.

„Кога го градевме Мозиак, црпевме искуства од Оазата на мирот во Ерусалим, каде заедно живеат Палестинците и Израелците и од Швајцарија, но никогаш не ги прифативме како готови шаблони за да ги примениме во Македонија. Ги моделиравме според специфичниот контекст во Македонија, така што тој модел го користиме за работа во Косово, каде од септември е планирано отворање на уште две групи Мозаик, на бошњачко-албански и на турско-албански јазик во Призрен” - вели Вилма Венковска-Милчев.

 

Катерина Богоева
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA