ИЗБОР ИЗБОР
ЦРКВИТЕ СЕ ОБВРЗАА
Декада на работа за мир
Една разнобојна и ентузијастичка маса луѓе се собра од целиот свет за да каже "НЕ" на насилството во сите негови форми. Ова беше меѓународен почеток на "Декада за надминување на насилството: Црквите бараат помирување и мир" (ДНН), во Берлин, Германија, на 4 февруари оваа година. Прославата започна утрото со екуменска служба на четири јазици, со химни и музика од различни култури и комеморација за децата жртви на насилство од целиот свет. Прославите продолжија попладнето во Куќата на светските култури со приказ на различни начини и средства за надминување на насилството. Ова беше проследено со културна програма и официјални говори, како и Порака која го означи почетокот на Декадата. "Дали сте подготвени да работите за мир?", праша еден од двајцата презентери на почетокот од настанот. "Подобро да сте", одговори Дијана Мавундус, претставник на ДНН во Светскиот црковен совет, "Ќе работите десет години на тоа". Прославата кулминира со процесија со свеќи низ улиците на Берлин до познатата Бранденбуршка порта, која е и самата симбол на угнетување и на обединување. Членовите на комитетот се собраа тука за да го создадат логото на ДНН со запалените свеќи. Регионалниот ДНН почеток ќе биде одбележан во текот на наредните месеци. Информации за времето и местото, како и вести за ДНН, можат да се најдат на веб-страницата на Светскиот црковен совет (http://www.wcc-coe.org/wcc/dov/index-e.html, www.wcc-coe.org/wcc/dov/index-e.html) или во гласилото на ДНН. (WCC NEWS – A newsletter of the World Council of Churches, April 2001)
|