Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 12 Јануари 2002 *  Избор

ИЗБОР


ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР ЗА ПРАВА НА РОМИТЕ 

Признавање и борба против расната дискриминација


Како можам да се борам против расната дискриминација?

Развиени се голем број инструменти за помош на жртвите на расната дискриминација. Тие вклучуваат:

  • Домашни закони против дискриминација
  • Други домашни закони кои не се директно поврзани со дискриминацијата, но кои би можеле креативно да се применат во случаи на дискриминација, како што се на пример кривичните закони кои го штитат личното достоинство
  • Меѓународни закони кои ги вклучуваат:
    • Меѓународната Конвенција за елиминација на сите видови расна дискриминација (МКЕРД), поточно член 14 од истата кој му допушта на Комитетот за елиминирање на расната дискриминација да ги разгледа индивидуалните или групните случаи кои се однесуваат на непочитување на Конвенцијата;
    • Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП): членот 14 од истата забранува дискриминација на правата загарантирани со Конвенцијата. На Протоколот број 12 на ЕКЧП чие потпишување беше предвидено да започне уште во 2000 година, ќе му се додаде уште една сеопфатна забрана за дискриминација во примената на кое било право загарантирано со Законот, по што ќе следи ратификација од страна на десетте земјичленки на Советот на Европа. Во овој случај, активистите имаат важна улога, а таа е да вршат притисок на владите да го ратификуваат Протоколот 12 без одложување.
    • Директивата за расна еднаквост на Европската унија: оваа директива бара од државите да донеат сеопфатни закони против дискриминација и да основаат ефикасни криминалистички тела. Тоа сочинува дел од структурата на Законот на Европската унија, кој земјите-членки и земјите-кандидати подеднакво мораат да го почитуваат. Активистите повторно имаат значајна улога да обезбедат дополнување на овој закон од страна на земјите, со цел тој да одговара на барањата на овој важен инструмент.
      Европскиот центар за права на Ромите се бори против дискриминацијата на Ромите преку низа активности кои вклучуваат:
  • Објавување информации за ситуацијата поврзана со правата на Ромите;
  • Издигнување на правата на Ромите на меѓународно ниво;
  • Оспособување на Ромите да дејствуваат во свое име преку едукативни програми за човекови права;
  • Изнесување на споровите во домашните и меѓународните судови во име на Ромите-жртви на дискриминација и други облици на злоупотреба на човековите права.


Ако сметате дека некогаш сте биле или во моментот сте жртва на дискриминација, можете да се обратите до локално правно лице и потоа заедно со него или со неа да побарате од Европскиот центар за права на Ромите нивни правно-застапнички грант. Критериумите за пријавување за правно-застапнички грант од ЕЦПР се достапни на веб-страницата на Интернет: http://errc.org/grants/repress.shtml  на англиски и на ромски јазик, а истите можете да ги дознаете и доколку контактирате со канцелариите на ЕЦПР.

Правното дејствување е неопходно во борбата против дискриминацијата. Сепак, тоа самото ретко има влијание надвор од индивидуалните случаи по тоа прашање. Активностите за човекови права и против дискриминација најдобро се остваруваат доколку се добро планирани и координарани. Корисно е да се смислуваат стратегии со кои некои влијателни, т.е. моќни пријатели, како на пример медиумите, меѓународните НВО, меѓувладините тела и сл., би се сметале за сојузници.

На пример, во претходноопишаниот случај од Острава, откако ЕЦПР внимателно документираше еден гротескен модел на расна поделба во училишниот систем на Острава, тој не само што го изнесе спорот во домашните и меѓународните судови во име на родителите на петнаесет деца-Роми издвоени во училиштата во Острава, туку и:

· Одржа прес-конференција за домашните и странските медиуми за да го објави изнесувањето на спорот;
· Издаде извештај на чешки и на англиски јазик за прашањето на издвојување на децата-Роми во чешкиот училиштен систем;
· Работеше со локалните групи, и пред и по спорот, со цел да го подигне нивото на свесност за овозможување на таквата акција;
· Поднесе материјали од ЕЦПР поврзани со поделбата во чешкиот училиштен систем до меѓународните тела, како на пример на Комитетот за елиминирање на расната дискриминација при Обединетите нации и Комисијата против расизам и нетолеранција при Советот на Европа;
· И понатаму ја продолжи соработката со новинарите по изнесувањето на спорот за одржување на публицитетот на случајот.

ЕЦПР ги повикува на дискусија активистите и партнерските организации по прашањето: како најдобро да се искористат информациите за човековите права и да се зголеми ефектот од активностите за нивно остварување. Понатамошни информации за активностите и работата на ЕЦПР можете да добиете на веб-страницата http://errc.org.

Понатамошни прашања на гореспоменатата тема може да се испратат до:
European Roma Rights Center
PO Box 906/93
H-1386 Budapest 62 Hungary
Telephone: (361) 413 2200
Fax : (361)413 2201
E-mail:
office@errc@org

ЕЦПР во моментов, исто така, води и еден заеднички проект со два партнера – Interlights во Лондон и Migration Policy Group во Брисел - со цел до крај да се искористи можноста за повеќе спорења и застапувања, можност која се создаде со усвојувањето на Директивата за еднаквост на расите на Европската унија и Протоколот 12 на ЕЦПР. Доколку сакате да ни се придружите во нашите напори за промовирање на законодавството против расната дискриминација во цела Европа, или пак, едноставно сакате да добиете повеќе информации за нашите активности во таа област, ве молиме контактирајте со ЕЦПР на гореспоменатите броеви и адреси.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 12 Јануари 2002 *
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA