Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 58  Тема

Достоинството на Осми март денес

На патот од кич-парада до конструктивен дијалог

                                                                                                                          албански

При една ТВ-анкета на скопските улици, запрашаните скопјани, на различна возраст и од различен пол, на прашањето што претставува за вас Осми март, одговорија: “Тезги на улици”, “Можност да се прослави денот во некој добар ресторан”, или “На мама и учителката ќе и купам цвеќе”, како што одговари еден скопски ученик.

Никој не го спомна Осми март како меѓународен ден на жените, празник којшто има свое достоинство, никој не спомна женска рамноправност. А, прашање е дали с$ уште  на овој ден некој и ги спомнува Роза Луксембург, Клара Цеткин и сите  оние жени кои се  заслужни што жените добиле право на глас, право на свој празник, право да бидат видливи во општеството. 

Осми март 2006 бидна и помина. Се прослави во ресторани, со делење цвеќиња, со понекоја трибина за и околу рамноправноста на половите... Но, сепак, не може да се избегне размислувањето дали Осми март и понатаму треба да се претвора во с$ поголема кич-парада, дали треба на тој ден да се потенцира зголемениот број жени парламентарки, заборавајќи на илјадници жени кои живеат на работ на егзистенцијата и, секако, како да се избегне квазифеминизмот којшто завладеал на македонските простори.

 

Како на вистински начин да се прослави Осми март и што претставува тој празник?

“Осми март би требало да биде повторно навраќање на еден проблем којшто е суштински и секојдневен. Тоа не е ниту академско прашање, не е ниту произволна определба, тоа е прашањето за суштинската социјална, економска и културна рамноправност на половите”, вели Елизабета Шелева, универзитетска професорка, потенцирајќи дека не треба да заборавиме дека Осми март како датум во историјата е забележан токму поради потребата за рамноправност, за правото на глас, пред с$, за коешто жените на почетокот на 20. век се избориле и го заслужиле. “Не е работата во тоа Осми март да го претвориме во потрошувачки спектакл. Не е умесно и не е поентата Осми март да биде ден во којшто ќе се профитира на еден најбанален начин, купувајќи и подарувајќи & на жената некакви дребулии во името на некаква квазиучтивост и добронамерност. Поентата на тој ден не е ниту да се претвори во уште едно домаќинско затрупување на жените со обврски со готвење кифлички, ролати и други специјалитети за да се угостат тие што дошле да го честитаат празникот. По сето ова што го наброив, тоа е пример, за жал, на  сексистички разбран празник, сексистички затоа што, пак, ја промашува поентата на хуманото, судбинското споделување на животот,  на обврските, на правата, на уживањата меѓу двата пола. Мора да забележиме дека тука с$ уште владее едно големо лицемерие, една голема хипокризија, голема демагогија, бидејќи она што е премолчено во социо-културните ритуали и протоколи на секојдневието, всушност понатаму гради култ и еден пожелен стереотип на жена како домаќинка - во смисла на една културна метафора родова улога со чисто суштински список на должности и одговорности во коишто спаѓа грижата за домот, поддржувањето на домот и грижата за потомството. Мислам дека улогата на Осми март попрво треба да биде едно критичко преиспитување на клишеата, отколку еднократно или еднодневно излетничко поведение или патување кон нешто што е квазифеминизам”, потетнцира Шелева.

 

Колку жената е видлива во македонското општество?

Факт е дека во Македонија жените се присутни во општествениот живот, жени има и на највисоките позиции во политиката, половината од студентите на македонските факултети се од женскиот пол. Но, ова е само едната страна на медалот. Од другата страна се жените на работ на егзистенцијата, жените-жртви на трговијата со луѓе, жените-жртви на семејното насилство. И покрај фактот што има с$ поголем број жени во политиката, на голем број жени не им е дозволено ниту да гласаат на избори. Само да се потсетиме дека се изманипулира со гласовите на околу 100 илјади жени, тие беа злоупотребени или оневозможени да гласаат, само на последните локални избори.

Самото по себе се наметнува прашањето дали жената во македонското општество е доволно видлива и во кои сфери најмногу е изразена дискриминацијата кон жените?

“Евидентно, еманципацијата отсекогаш имала највисоко ниво во етничката македонска заедница, но и тука транзицијата и сиромаштијата оставаат сериозни траги. Погрешно е заради присуството на неколку силни и докажани жени, да се тврди дека работите одат на подобро. Јас дури и не се согласувам со тоа дека зголемувањето на бројот на пратенички, министерки или советнички во општините е причина за задоволство. Она што особено е загрижувачко е што постојат цели популации жени (чија бројка достигнува неколку стотици илјади) кои остануваат маргинализирани и во јавниот живот, но и во сферата на образованието, вработувањето, културата и другите форми на општествено дејствување. Степенот на конфликтност во општеството е евидентен и низ зголемувањето на семејното насилство, хендикепираноста на жената во патријархалните семејни и локални заедници и слично. Конечно, влијанието на економскиот либерализам е евидентно и по основа на ограничувањето на женските права, односно потенцирањето на нееднаквоста меѓу половите (како укинувањето на дневниот престој; неможноста на таткото да лежи на клиниката за педијатрија со своето дете; ограничувањето на надоместокот за породилно отсуство за вработените мајки и сл.)”, објаснува Билјана Ванковска, универзитетска професорка и член на бордот на Хелсиншкиот комитет.

Елизабета Шелева: “Не е поентата на Осми март тој да биде ден во којшто ќе се профитира на еден најбанален начин, купувајќи и подарувајќи & на жената некакви дребулии во името на некаква квазиучтивост и добронамерност. Улогата на Осми март попрво треба да биде едно критичко преиспитување на клишеата, отколку еднократно или еднодневно излетничко поведение или патување кон нешто што е квазифеминизам”.

 

Билјана Ванковска: “Погрешно е заради присуството на неколку силни и докажани жени, да се тврди дека работите одат на подобро. Јас дури и не се согласувам со тоа дека зголемувањето на бројот на пратенички, министерки или советнички во општините е причина за задоволство. Она што особено е  загрижувачко е тоа што постојат цели популации жени (чија бројка достигнува неколку стотици илјади) останува маргинализирана”.
 

Улогата на женските невладини организации

Во Македонија голем е бројот на женски невладини организации. Некои од нив постигнале значајни успеси во своите напори да ги приближат т.н. женски проблеми до јавноста и рамноправноста да профункционира и во практиката. Меѓутоа, дали треба да се размислува и за поинаков вид дејствување и за поинаква организираност внатре во самите организации? 

“Има помали невладини организации во коишто навистина се постигнуваат резултати за почит, особено онаму каде што жените мораат на лице место да се борат против традициите, стереотипите, влијанието на средината и сл. Она, пак, што загрижува е старомодниот начин на нивното вмрежување (преку Сојузот на здруженијата на жените на РМ, на пример), каде со децении нема внатрешна демократија, свежа крв и свежи идеи. Мнозинството жени се надвор од таквото организирање затоа што тоа или ја девалвира вистинската женска интелектуална и друга моќ и ја сведува на организирање тортијади, приеми за жените на дипломатите или за провладини кампањи, што за жената го јакне стереотипот на нежна, слаба и субмисивна. Уште и кога ќе ја видите старосната структура на тие мегаорганизации, тешко можете да ги препознаете интересите на жените од различните категории и возрасти. Тоа што е најлошо, ваквите форми на организирање тешко успеваат да се борат за внесување на женските интереси во форма на јавни политики и граѓански статус”, објаснува Ванковска.

Билјана Бејкова, од НВО Инфоцентар, смета дека женската невладина сцена во Македонија е една од најактивните граѓански иницијативи. “Таа во изминатите 15 години интензивно и во континуитет се залага за родова еднаквост во општеството. Упорноста на жените навистина заслужува пофалби, особено ако се земат предвид  резултатите од нивната активност, како на пример: законското санкционирање на семејното насилство, задолжителните бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени, родовата квота во изборните закони, борбата против трговијата со бели робје и сл.”, вели Билјана Бејкова. “Но, и покрај големата упорност и желбата нешто да се направи, мислам дека на женската невладина сцена во Македонија & недостигна стратегија за тоа  во која насока и како треба да се движи, во периодот што следува. Имам впечаток дека голем дел од предлозите и иницијативите на женските организации постојано се повторуваат, односно како да се вртат во круг, дека оригиналноста е заменета со рутина, а еланот со мала доза на замор и дезориентираност. Потврда за сето ова гледам и во отсуството на каква и да е реакција од женската сцена, на предлогот на Македонскиот хелсиншки комитет за човекови права на претстојните парламентарни избори, во одредени рурални средини, мажите и жените да гласат одвоено. Оваа идеја не само што води кон дополнително гетоизирање на жените, туку е и сосема спротивна на залагањата за охрабрување и зајакнување на жените во општеството. Женската сцена во Македонија, во овој момент, треба да се запраша дали е тоа тоа за коешто се залага и се бори?”, прашува Билјана  Бејкова.

 

А што велат мажите?

Секако, кога се зборува за женската рамнправност, треба да се слушне и машката страна. Но, колку е можно тоа? Мажите очигледно сметаат дека нема потреба да се зборува на оваа тема, па многумина запрашани мажи едноставно го игнорираа прашањето.

“Мојот став кон феминизмот во Македонија се карактеризира со исклучителни симпатии во коишто сите такви тенденции ги имаат феминистичките нормални размислувања и погледи”, вели Драганчо Апостоловски, политиколог од Клубот на политиколозите “Јустинијан Прима”. “Имено, во Македонија с$ уште се согледуваат никулците на условно кажано борбата на жените за нивната рамноправност со мажите. Сегашните женски движења и организации ја почитуваат нормалната рамка за стекнување поголеми нормативни права (за коишто сметам дека сепак и досега ги имаа сите). Еманципација на жените во никој случај не ги загрозува мажите, туку само отвора пошироко и поквалитетно аргументирано поле за дијалог во коешто се донесуваат вистински и полезни одлуки”, потенцира Апостоловски.

Дијалогот жени-мажи секогаш е актуелен. А, дека конфликтите во Собранието не се секогаш по партиска или по етничка линија, туку дека може да настане и надгласување на релација мажи-жени, покажува и групирањето на жени-пратенички од сите партии околу амандманот со којшто се гарантира дека секое трето место на изборните листи е загарантирано за помалку застапениот пол. Зад овој таканаречен женски амандман, стојат потписи на само два пратеника. Значи, дијалогот продолжува, само да не се претвори во монолог...  


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA