Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Публикации

   

ПУБЛИКАЦИИ

МЦМС 

"Информации за внатрешно раселените лица"…

Македонскиот центар за меѓународна соработка ја издаде брошурата "Информации за внатрешно раселените лица" која содржи основни информации за лицата кои се најдоа во таа положба. Брошурата е водич кој одговара на прашањата: Што е внатрешно раселено лице (ВРЛ)? Како да се регистрираш како ВРЛ? Што е картон (евидентен лист) на Црвениот крст и зошто ти треба? Каки права имаш како ВРЛ? Какви обврски имаш како ВРЛ? Каде да се обратиш за помош? Брошурата е печатена на македонски и на албански јазик.

 

 …И Веб страница

"Aid Macedonia"

МЦМС ја подготвува и веб-страницата на која можат да се најдат повеќе информации наменети пред се за внатрешно раселените лица (ВРЛ) но и за пошироката јавност. Страницата располага со информации за ВРЛ и тоа од каде се раселени и каде се сместени, потоа извештаи за хуманитарни активности вклучувајќи ја координацијата што се одвива на национално ниво но и НВО координацијата за хуманитарните активности. Веб-страницата ќе располага и со информации за хуманитарната помош наменета за ВРЛ и за организациите кои ќе ја дистрибуираат оваа помош. Информациите се достапни на македонски и Адресата е: www.aidmacedonia.org.mk   


ТЕМПЛУМ
„Другиот правец”...

„Темплум” ја дополни својата уникатна библиотека „21 век”, со изданието „Другиот правец” од Жак Дерида, според многумина најконтроверзниот писател на нашето време. Книгата говори за феномените на модерна Европа – индивидуалноста и идентитетот, ксенофобијата, расизмот, религиозниот и нациналистичкиот фанатизам...

    

 ...И

"Модерноста и самоидентитетот"

„Модерноста и самоидентитетот” од Ентони Гиденс е уште едно ново издание на „Темплум”. Гиденс, еден од најпродуктивните социолози на денешнината, во ова дело се занимава со некои од клучните прашања на 20-от век – концептот животна политика, модернизмот како пострационален поредок и други.


МАГОР 

Права на жените: чекор по чекор

Магор, со помош на Институтот Отворено општество Македонија ја издаде книгата „Права на жените: чекор по чекор” од група автори, превод на изданието на Women, Law & Development International од Вашингтон. Оваа книга претставува практичен прирачник за користење на меѓународниот закон за правата на човекот и механизмите за заштита на жените.


 


ДВИЖЕЊЕ ЗА КУЛТУРА НА ЖИВЕЕЊЕТО
„Матка 2000”

Движењето за култура на живеењето од Скопје ја издаде брошурата „Матка 2000”, посветена на летниот младински камп што се одржа на овој локалитет минатото лето, под покровителство на Министерството за животна средина на Република Македонија. Во брошурата, покрај активностите што се одвиваа во кампот,  претставени се и текстови за Матка и нејзините природни и културни вредности, впечатоци на младите учесници на кампот, како и резиме од резултатите од спроведената анкета за навиките во исхраната кај младите.

 


ЗДРУЖЕНИЕ НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Брошура за церебралната парализа

Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Тетово ја издаде брошурата посветена на ова заболување, во која на популарен начин се дадени основните информации за болеста и нејзиното предизвикување. Брошурата, исто така, информира за структурата и за наредните активности на Здружението. Брошурата е издадена на македонски и на албански јазик, со финансиска поддршка од МЦМС.


 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
Состојбата на животната средина во Македонија

Министерството за животна средина и просторно планирање изготвува веб-страница посветена на состојбата со животната средина во Република Македонија. Можат са се најдат податоци за воздухот, водата, биодиверзитетот, шумите, почвата, озонот и другите еколошки системи. Адресата на оваа веб-страница е: www.soer.moe.gov.mk


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 07 Август 2001
Број 07 Август 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA