Горан Величковски
Глобализацијата, како прикриена обланда, ќе му го загорчи вкусот на светов
Професионално искуство: Новинар, 15 години. Работев во МТВ, во неделникот „Денес”, во дневниот весник „Македонија денес” и во Канал 5.
Ангажирање во граѓанскиот сектор: Соработник на НВО Инфоцентар. „Како да бидеме присутни во медиумите и како нашата порака да стигне до гледачите”, се предавањата со кои тимот на Инфоцентар се обидува да им помогне на активистите на НВО да бидат поуспешни во својата јавна презентација.
Хоби и интереси: Видеомонтажа и чкртање по листови.
Амбиции: Да отвориме народна кујна во населбата Драчево и на луѓето да им влееме надеж.
Каде одиш во слободно време: Летно време во викенд-населбата Соње каде имаме семејна куќа. Преку зима, во театар и кај пријатели.
За време на викендите: Во Соње, тоа е едно местенце во близината на Скопје - убаво, зелено, чисто, полно со птици... мераци! Едвај чекам да фати пролет и да пукне лето...
Кој национален проблем/локален проблем го сметаш за особено важен и зошто: Несвесноста за убавините со коишто располага Македонија ме вади од такт. Ако не се освестиме, ќе се самодоуништиме, не политички, туку ментално.
Кој глобален проблем го сметаш за особено важен и зошто: Глобализацијата е најкрупниот цивилизациски проблем, бидејќи е прикриен обид да се владее со светот. Планетарното газдување не им пошло од рака на Александар Македонски, на Наполеон и на Хитлер, тоа нема да им успее и на модерниве колонизатори. Глобализацијата, како прикриена обланда, ќе му го загорчи вкусот на светов.
Што би променил во Македонија и светов: Не се занимавам со колективни туѓоменувања, се обидувам да работам на себе и да се трансформирам од волк во човек.
Совет/порака Отвори го срцето кон Бога.
|