ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА „МЕЃАШИ”
Оливер Твист од нашето доба
Со скопската премиера на театарската претстава „Оливер Твист” Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” ја започна серијата на претстави што треба да се одржат уште дваесетина пати во Скопје и другите градови во Македонија.
Претставата е дел од проектот, финансиран од Меѓународната организација на трудот, а е насочена за привлекувањето на јавното мислење, но и на властите во Македонија, за спречување на злоупотребата на детскиот труд, согласно Конвенција за најлошите видови детски труд.
Првата детска амбасада на светот „Меѓаши”, повеќе пати инсистирала во Министерството за труд и социјална политика оваа конвенција да влезе во владина процедура и да биде ратификувана од Собранието на Република Македонија. Во таа насока, минатата година, „Меѓаши” ја отпечати брошурата „Што можам да сторам јас” на македонски, на албански и на ромски јазик, а наменета за децата, родителите, ресорните министерства, па и за секој поединец.
Д.М.
|