НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР
Рок за мир - Rock pлr paqe - Rock for peace
Нансен дијалог центарот на 24 март организира рок-концерт со мировна порака во Скопје, во Младинскиот културен центар. На концертот, со наслов „Рок за мир – Rock pлr paqe - Rock for peace”, многу млади луѓе од нашата држава, но и од други држави, на свој начин, преку рокот, ги упатија своите повици за мир, за ненасилство и за соработка и соживот. На концертот свиреа познати македонски и албански групи (Архангел, Гаро и Парамециум, Ласт експедишн, Бла-бла-бла, Санаториум, Суперхикс, ЛП, Мозаик, Нон-стоп) и една норвешка – Кино.
Семинари за меѓуетнички односи и решавање конфликти
Кон средината на април, Нансен дијалог центарот ќе одржи семинар за новинари од електронските медиуми, на кој ќе се вежба практично изготвување на ТВ и радиоемисии за меѓуетничките односи. Ќе учествуваат истите новинари од претходно одржаниот семинар во Гостивар.
Во текот на месецот, Центарот ќе одржи и тренинзи за решавање конфликти за подмладоците на политичките партии.
|