Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 46 Февруари 2005

   

коментар

Започна Декадата на интеграција на Ромите

2005 година започна доста интензивно кога е во прашање интеграцијата на најголемото малцинство во Европа – Ромите. Официјално, на 2 февруари во Софија, Бугарија, премиерите на Македонија, Бу­га­ри­ја, Унгарија, Хрватска, Србија и Црна Гора, еш­ка, Сло­вачка и Романија, по иницијатива на своите земји, а во организација на Светската банка и Ин­сти­ту­тот Отворено општество, се сретнаа на меѓународна конференција и ја потпишаа Декларацијата за иници­ја­тивата „Декада за интеграција на Ромите”. Дека­да­та предвидува целосно вклучување на ромското на­се­­ление во економскиот, социјалниот и општествениот жи­вот во овие земји, а секоја земја определи свои це­­ли за подобрување на четири приоритетни деј­нос­ти - образование, домување, вработување и здрав­ство.

Македонија веќе има усвоено државна стратегија за поуспешно вклучување на Ромите во општеството. Тие ги уживаат сите демократски права во земјава, во која се 2,66 проценти од населението, или според по­следниот попис 53.879 етнички Роми. Македонија е единствената земја што официјално го има при­зна­ено ромскиот јазик. Ромската етничка заедница е конститутивна, Ромите имаат свои политички партии, парламентарци, заменик-министер во Владата, имаат единствена ромска општина во Европа со градо­на­чал­ник Ром... Ромите можат да следат програма на мајчин јазик на националната телевизија, или на две­те приватни ромски телевизиски куќи, имаат весници на својот мајчин јазик, тие имаат бројни граѓански здру­женија...

Македонскиот центар за меѓународна соработка го дава својот придонес преку програмата Применето обра­­зование за младите Роми (ПОР). Во тој правец, неодамна, со помош на МЦМС, беше објавена според­бе­ната анализа „Интеграција на Ромите во Словачка и во Македонија” на авторот Ебен Фридман. Ана­ли­за­та е дел од пообемниот труд на Фридман со наслов „Објаснување на политичката интеграција на малцин­ства­та: Ромите како тежок случај”. Но, и покрај сето ова, тие и понатаму остануваат на маргините на општеството, борејќи се со сиромаштијата, слабото обра­зование и условите во кои ги извршуваат секој­днев­ните човекови потреби. Дали досегашниот пристап за интеграција на Ромите во македонското оп­штество, кој очигледно не е ефикасен, ќе про­дол­жи, или пак конечно нешто ќе се промени со усво­ју­ва­ње­то на Декадата за интеграција на Ромите, останува да видиме во годините пред нас.

 

Даниел Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA