|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Реакција на Мрежата за намалување штети
Центри за лекување, а не затвори за лицата кои употребуваат дроги!
Под мотото „Центри за лекување, а не затвори за лицата кои употребуваат дроги!”, претставници на Македонската мрежа за намалување штети - ММНШ, во текот на јули во Скопје го изразија своето незадоволство околу предлог-законот за контрола на дроги и психотропни супстанции. Со објаснување дека невладиниот сектор бил изоставен од процесот на подготвување на предлог-законот, преставниците на ММНШ нагласија дека новиот закон има сериозни недостатоци, дека не е во согласност со Уставот и со Националната стратегија за дроги донесена во декември 2006 година.
Мрежата, во која членуваат 15 невладини организации и експерти од оваа област, понуди неколку предлози за новиот закон, меѓу кои во предлог-законот за контрола на дроги и психотропни супстанции да се внесе одредба со која ќе се декриминализира употребата на дроги и психотропни супстанции преку утврдување количини за лична употреба; членот 73 во новиот закон да се избрише затоа што ќе има негативни последици од неговото спроведување (во тој член стои дека лицата кои употребуваат дрога не се третираат како лица на кои им е потребна здравствена заштита и социјална помош, туку како криминалци); да се внесе нова одредба со која ќе се легитимираат програмите за размена на прибор за инјектирање и истите нема да се подразбираат како изложување на опасност на други лица на дејствување на опојна дрога; и, терминот сузбивање да се замени со изразот намалување на снабдувањето со дрога.
ММНШ потенцира дека, според Светската здравствена организација, криминализирањето на употребата и поседувањето дрога во голема мера ги комплицира напорите да се спроведат цврсти јавни здравствени стратегии и пристапи за намалување на штетата од употребата на дрога.
Т.Д.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|