Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Граѓанско општество

   

Невладините прашуваат

Како да не н$ украдат на избори?

„Македонија с$ уште не може да се справи со корупцијата на изборниот процес. Речиси 90 % од активностите на политичките партии се финансираат анонимно. Никој не знае од каде им се парите, иако по доаѓањето на власт, го враќаат долгот. Многу е опасно што граѓаните се помирени со ваквиот циклус и го прифаќаат како нешто многу нормално - ова се некои од заклучоците на учесниците на трибината „Изборите како извор на корупција”, како дел од серијата тркалезни маси коишто по повод изборите ги организира невладината организација „ОХО”.

Габриела Коневска, претседател на „Транспарентност Македонија” смета дека во предизборните кампањи секогаш почнува нов циклус на корупција. „Се формираат нови релации со бизнис-олигархијата и анонимните донатори, а постоечките врски од овој тип продолжуваат и по изборниот процес”, вели таа. Како пример, таа ги наведе сметките на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ коишто, иако подолго време се блокирани, водат кампањи за кои се трошат огромни пари посочи Коневска. Според професорот Миодраг Лабовиќ од Полициската академија во Скопје основен проблем во Македонија е што не се испитува потеклото на имотот. „Изворите на пари што ги користат политичките партии е непознат. Ако партиите се финансираат со нечесни, криминални пари, тогаш како тие” е се справат со корупцијата кога ќе дојдат на власт,  запраша Лабовиќ додавајќи дека во изминативе 15 години се случува изборна измама. Претседателот на Антикорупциската комисија, Михајло Маневски најави дека овие избори нема да бидат како претходните, бидејќи институциите се подготвени објективно да го следат финансирањето на кампањата.

Во рамките на серијалот трибини на „ОХО” за изборите , НВО излегоа и со „предизборен рецепт”-„Како да не н$ украдат на избори”. Тие порачаа - колку поголема масовност на изборите, толку подобра шанса за демократски и фер избори.

„Најдобра шанса за фер и демократски избори е одѕивот на граѓаните. Не сакаме кампања со плукање, туку партиите да кажат што ќе направат со проблемите на сиромаштијата, невработеноста и корупцијата”, појасни Сашо Клековски од  МЦМС, кој смета дека луѓето имаат високи очекувања од оние во кои немаат доверба. Слаѓана Тасева од „Транспарентност Македонија” предупреди дека граѓаните треба да внимаваат за кого ќе гласаат.

„Секој гласач треба да се праша дали неговата партија крадела гласови или го нарушила изборниот процес”, рече Ибрахим Мехмети од „Потрага по заедничка основа”.

За Дарко Алексов од „Мост” е важно партиите да испорачаат порака дека е потребна кампања без навреди. „Кампањата да помине во исчекување на резултатите од полуфиналните фудбалски натпревари, а не во чекање на резултатите од полуфиналните фудбалски натпревари, а не во чекање на резултатите од избори“, вели Акексов. Тој апелира за поголема транспаретност на институциите за време на изборите, која треба да ја зголеми довербата на гласачите.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA