Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Демократија и човекови права

   

ИНИЦИЈАТИВА НА МЦМС

Мирот е одговорност на сите граѓани

Македонскиот центар за меѓународна соработка иницираше, во соработка со Центарот за мултикултурно разбирање и соработка, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Ел Хилал, Месечина, Нансен дијалог центарот, донесување заедничка изјава која е упатена до целокупната јавност во Македонија и вон неа, а во која се повикува на ненасилно решавање на конфликтите. Оваа изјава им беше пренесена на новинарите, на одржаната конференција за печатот. Изјавата ја пренесуваме во целост: 

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА ЗА НЕНАСИЛНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИТЕ

Деновиве се одвиваат настани за кои не можеме да немаме сопствено мислење и став, затоа што се работи за прашања кои продираат во суштината на демократијата и на нашето делување како граѓански организации.

Имањето сопствено мислење и став значи истиот да го презентираме и браниме и во моментите кога можеби тој став не е споделен од други во нашите заедници и кога можеби тој не води во конфронтација со други мислења и ставови.

Сметаме дека во овој момент избегну­вањето или премолчувањето е најлошото можно решение, полошо и од можното несогласување. Затоа сакаме да го презентираме нашето мислење и став.

Нашето мислење и нашиот став се засноваат на вербата во целосни и еднакви права за сите човечки суштества, односно во општество на слободни и еднакви граѓани, со изградена социјална праведност и со ненасилно разрешување и трансформација на конфликтите.

Веруваме во Македонија со изградени вистински односи засновани на прифаќање на разликите и заедничката добивка од меѓузависноста.

Таква Македонија не се гради ниту со социјална неправедност, ниту со насилно решавање на разликите, без разлика дали е тоа милитантен екстремизам или случаи на непропорционална употреба на државна сила.

Таква Македонија не се гради ни со избегнувањето или премолчувањето на вистинските проблеми.

Затоа Ние лично се оградуваме и го осудуваме насилното решавање на конфликтите.

Ние не се оградуваме од заедницата и граѓанските организации бидејќи одговорноста може да биде само лична и индивидуална. Како за милитантниот екстремизам, така и за случаите на непропорционална употреба на државна сила. Доколку не ја направиме таа разлика ќе западнеме во замката на отуѓување и меѓусебно нетрпение и непријателство.

Ние повикуваме што побрзо да создадеме услови за разрешување и трансформација на конфликтите преку ненасилни начини.
Мирот и стабилноста, просперитетот  и  демократијата не можат да бидат препуштени само на делувањето на политичките пар­тии, тие се дело и одговор­ност на сите граѓани и граѓан­ски ор­га­ни­зации.

Ова е нашиот став, може да има мислења и ставо­ви кои се разли­ку­ваат. Кажете ги. Само така ќе отвориме мож­ност за да се раз­береме.

Сашо Клековски, Македонски цен­тар за меѓу­на­род­на соработка, Скопје, Ким Мехмети, Центар за мултикултурно разбирање и соработка, Скопје, Мирјана Најчевска, Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје, Абдурауф Пруси, Ел Хилал, Скопје, Рахман Мемедали, Месечина, Гостивар
Алберт Хани, Нансен дијалог центар, Скопје.

Заедничката изјава ја поддржаа и многу други здруженија на граѓани меѓу кои: Здружението на жените Албанки - Перспектива; Здружението на граѓани Мултикултура од Скопје; Здружеието на граѓани "ОХО" од Скопје, Здружението на граѓани Толеранца од Струга, Сојузот на албанската жена на Македонија - огранок во Скопје, Одборот за мировни и граѓански иницијативи, Скопје и Организацијата на жените Турчинки во Македонија Дерја.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 02 Март 2001
Број 02 Март 2001
Вовед
Настани
Календар
Публикации
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Број 01 Февруари 2002
 

©MCMS - designed by KOMA