Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

ПОГЛЕДИ    
 

БЕСИМ НЕБИУ
 Мултиетничките табори на надежта

Една од најтрагичните колатерални штети на 6-месечната криза во Македонија е сериозното отежнување на социјалните контакти меѓу припадниците на различните етнички заедници. Не оти некогаш тие биле извонредни (за тоа впрочем индикатор е брзината по која се распаѓаат), но сепак покажуваа некоја пристојна еластичност. Ако еластичноста на меѓутеничките односи значеше способ­ност за растегнување без кинење, овојпат дефинитивно од ова последното не дели многу тенка линија. Сега, се чини дека нив ги одржуваат само оние кои имале вистински пријателства, а таквите, за жал, не се многу.
Игнорирањето на тезгите на продавачите од спротивната националност, непоздравувањето меѓу двајца познаници, испра­ќањето  e-mail пораки со прашања од типот „Дали сме си уште пријатели?”, бојкотите на производи од одделни географски и етнички подрачја, се јасни сигнали на степенот на загрозеност на едноставните секојдневни интеракции меѓу обичните луѓе – тоа што ние  пластично го нарекуваме – соживот. 
Пред некој ден слушнав еден постар господин како на прашањето на ТВ новинар, „Дали е можен соживот?”, одговори „Не постои проблем за кој не постои решение, но за да се изнајде потребни се умни глави”.
Поаѓајќи од чиста емпирија, „умните глави” тешко дека ќе бидат политичарите. Всушност, единствената реална шанса која ја имаме за одржување и реставрирање на истенчените конци во ова општество се граѓанските акции на  граѓанските здруженија. Оние кои што се вистински  втемелени во нивните заедници и зад кои  стојат реални мисии и целни групи. 

*****

Девастирачки делува и фактот дека многу лесно и бргу во улогата на катализатори на тензиите кои го продлабочуваат етничкиот јаз се и некои довчерашни „промотери” на меѓуетничката толе­ранцијата – истакнати, полу-истак­нати и неистакнати учесници на тркалезни маси, т.н. поборници на „демократијата по европски терк” – луѓе кои имаат завидна влијание во јавноста  и кои владеат со софистицирани зборници на либерални тези. Денес, нивните весници, кружоци и асоцијации се дел од „фронтот” (всушност неколкуте спротивставени фронтови) кој понекаш личи на содржински носител на кризниот фатализам. Голем дел од нив се истовремено релевантни „opinion-maker”и - луѓе со респектибилна видливост,  чии ставови го насочуваат јавното мнение.
Нема да се осудам да ги анализиарам причините за оваа „девијација”, уште помалку ќе ги обвинам посочените (бивши?) поборници  на граѓанската толеранција за: неконзистентност, неискреност, глумење или пак тран­зициско профитерство. Единствено сакам да констатирам дека ова е сериозен удар за она што би требало да биде гласот за мир во можеби најнезгодното време – времето кога треба да биде најзвучен. Од друга страна, ова е и време коешто создава нов импулс за нови фронтмени во граѓанското општество. Овој пат, фундирани врз систем на вредности и верувања.

*****

Од позиција на човек кој е привилегиран да може да чита, слуша и гледа, и притоа (дури!) и ги разбере сите релативно влијателни медиуми во Скопје, неве­ројатна е разликата во опфатот, селекцијата и третманот на информации и редакциски коментари во средствата за јавно информирање на македонски и оние на албански јазик. Се добива впечаток дека всушност се одвиваат два паралелни конфликти, временски и просторно оддалечени, во кои учествуваат сосема различни субјекти.
Сите медиуми, со мали исклучоци, ги „етнизираат” фактите. Пренесувајќи етнички цензурирани вистини, сите заедно продуцираат полувистинита или невистинита слика за целокупноста на она што се случува. Вистината е категорија која нема етнички предзнак. Страдањето е страдање, без разлика на етничката и верска припадност на страдалникот. Должност на секоја редакција е да го прикаже во вистинското светло. За­мислете, САД да изброеја 5.000 наместо 6.500 жртви од нападот врз СТЦ затоа што 1.500 жртви се не - американци?  Без остаток, рушењето верски објекти е криминален чин, без разлика чиј објект е разрушен. Тоа нашите уредници и нови­нари не го сфатија. Ако сепак го сфатиле, ама не го практицираат од разни субјективни причини – дотолку полошо! Особено за оние кои важеа за „граѓански весници” и кои  користеа меѓународни фондови за поддршка на слободно новинарство. Сите прет-кризни муабети за одбегнување на јазикот на омразата, за жал, паднаа во вода. Всушност единствениот простор каде не се користи јазикот на омразата се трибините на кои новинарите говорат за него.

*****

Невладините организации останаа мо­жеби единствените субјекти кои ги одржуваат на релативно стабилно ниво меѓусебните односи. Во сите подрачја на делување (хуманитарни активности, активности за разрешување  конфликти, акции базирани на заедницата) се одржуваат или оформуваат коалиции, координации, неформални мрежи и други форми на соработка меѓу граѓански здруженија чие членство и раководство има различни етнички предзнаци. Некој ќе рече дека тоа го прават поради зголемените можности за добивање  фондови. Но, сепак гледано однатре, најголем дел од кризните коалиции и координации и не обезбедуваат фондови за членство во нив, иако таквото мислење за нив доминира во некои сегменти на јавноста. Тоа што всушност го обез­бедуваат, е надежта. 

*****

На крај, малку за надежта:  Децата од мојата улица продолжуваат да ја тркалаат топката, без разлика на звукот на оружјето, уставните дискусии, изјавите на премиерот, претседателот и лидерите, улогата на меѓународната заедница,  начинот на кој информираат медиумите. За чудо, ниту посетувале семинари ниту пак некој им спонзорирал проект за меѓуетничка толеранција. Дури и без разлика на тоа што навечер бомби пукаат во близина на нивното игралиште, тие достоинствено утредената се однесуваат како ништо да не се случило. И кога  ќе се истепаат, заради несогласување околу некој ситен фаул - тоа го прават во мултиетнички табори.


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA