Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Бизнис сектор

   

КАКО СОРАБОТУВАМЕ?

Партнерство меѓу граѓаните и бизнисмените

Невладиниот и бизнис-секторот во нашава држава остваруваат малку и сосема ретки контакти. Многу области на делување на двата сектора во кои тие би имале интерес за соработка и заедничко делување, остануваат без таа соработка.

Сепак, постојат неколку примери за делување на бизнис-секторот во насока на соработка со граѓаните и граѓанските здруженија. Во овој број на списанието „Граѓански свет” претставуваме три такви примери – на три скопски фабрики: „Европа”, „Комуна” и Цементарницата „Усје”, кои, секоја на свој начин, остваруваат одредена соработка со невладиниот сектор.

„Еколошки” карамели

Фабриката „Европа” неодамна оствари соработка со консултантската куќа „Хасконинг” од Холандија, која пак требаше да избере фирма во Македонија за да инвестира во неа проект за штедење на енергијата. Врската се оствари преку владиниот и невладиниот сектор – Владата на Холандија и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа од Унгарија (РЕЦ), преку локалната канцеларија во Македонија.

Проектот опфати неколку зафати: измени на грејниот систем во секторот за вафли; инсталирање енергетски мониторинг; набавка на опрема за производство на карамели и обука на вработените за штедење на енергијата.

Целата оваа инвестиција чини 1,5 милиони холандски гулдени, а освен во опрема и едукација на вработените, ќе бидат спроведени уште неколку активности, за кои е ангажиран РЕЦ – дводневен семинар во текот на овој месец, кампања за подигање на свеста на сите вработени за потребата од штедење на енергија и заштита на животната средина, издавање брошури, билтен, налепници и постери и објавување на текстови во други списанија, презентација на проектот во Стопанската комора на Македонија и организирање радио и ТВ емисии за пошироката јавност.


Рециклирање за почист град

Фабриката „Комуна” оствари амбициозен проект во кој партнер & беа сите граѓани на Скопје. Конечно, Скопје почна да рециклира барем еден вид отпад – старата хартија. Во „Комуна” велат дека соработката со граѓаните се одвива добро, а доказ е фактот дека за само два месеца (јануари и февруари) беа собрани околу 50 тони стара хартија. Значи, градот е почист за 50 тони смет. Што е еднакво важно, обезбедена е ефтина  суровина за производство.

Г-ѓа Драгица Киранџиска од „Комуна” вели дека има доста добар одѕив од  граѓаните и од претпријатијата каде се поставени контејнерите за стара хартија. На градските улици „Комуна” постави 50 метални контејнери со убав дизајн, а исто токлу убави постери со порака да се рециклира хартијата, беа залепени низ градот. Овој број контејнери не е доволен, бидејќи според проценките, на градот му требаат околу 500, но „Комуна” планира постепено да го зголемува нивниот број, како и да постави вакви контејнери во другите градови (се прават планови тоа да се стори во Куманово, Охрид, Струга и Ресен, во првата фаза). Поставени се и посебни метални контејнери во фабриките како и многу картонски, естетски изработени контејнери, во претпријатија, училишта, невладини организации...

Соработката на „Комуна” со граѓаните ја следи и медиумска кампања, а во фабриката се задоволни што оваа акција оствари добар прием кај јавноста.

Финансиска поддршка

Повеќегодишна практика на Цементарницата „Усје” е финансиската поддршка на граѓанските здруженија. Минатата година беа издвоени вкупно 6,5 милиони денари за помош на здруженија на граѓани, училишта, цркви или индивидуални граѓани. Како што ни рече г. Љупчо Карапетковски, раководител на службата за правни работи во „Усје”, средства се издвојуваат за проекти за помош на граѓански здруженија, за индивидуално лекување, за учество на меѓународни конференции, за издавање книги, за реконструкција или обнова на манастири и цркви, за помош на училишта, културно-уметнички и спортски друштва, како и за развој, изградба и оформување на новоформираните општини и селските подрачја во Македонија и за други намени.

Една од најголемите донации на „Усје” минатата година беше помошта за Сојузот на слепите, во висина од околу 45.000 германски марки, за набавка на компјутерска опрема со Браева азбука, транзисторска, ЦД-ром и друга опрема.

Во „Усје” велат дека не донираат владини организации и политички партии.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 02 Март 2001
Број 02 Март 2001
Вовед
Настани
Календар
Публикации
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Број 01 Февруари 2002
 

©MCMS - designed by KOMA