Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Публикации

   

НАСТАНИ

 ПУБЛИКАЦИИ

 СОЈУЗ НА МЛАДИ ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ

Елфаско

Елфаско е информатор на студентите на Електротехничкиот факултет во Скопје. Ова списание излегува периодично, а новост е тоа што од неодамна излегува со нов дизајн и подготвувано од самите студенти.
Елфаско информира за проблемите на студентите, за актуелни случувања и новости од областа на електро­техниката, за системот на образование и други интересни студентски теми.

ИНСТИТУТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО-ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА  

„Раководни начела за внатрешното раселување”...

Центарот за бегалци и присилни миграции при Институтот за социолошки и политичко правни истражувања го издаде преводот на публикацијата „Раководни начела за внатрешното раселување” изготвена од OCHA. Во оваа публикација се претставени начелата прифатени од ООН за заштита од раселување, заштита во текот на раселеноста, хуманитарната помош, како и за враќањето, преселувањето и реинтеграцијата. Оваа публикација може да се добие бесплатно во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Нејзиното печатење е помогнато од Институтот Брукинг од Вашингтон Д.Ц., Градскиот универзитет од Њујорк и UNHCR .

 ...И „Прирачник за примена на раководните начела за внатрешно раселување”

 Прирачникот за примена на раководните начела за внатрешно раселување оди во „пакет” со публикацијата што се однесува на раководните начела за внатрешно­ раселување (од истиот издавач, а преводот на македонски јазик е поддржан од истите институции).
Овој прирачник има за цел да обезбеди практични упатства за теренскиот персонал за тоа како да се спроведуваат раководните начела. Прирачникот дава и практични примери од теренот, преземени од конкретни земји.
И оваа публикација може да се набави бесплатно во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања.


UNICEF & GLOBAL MOVEMENT FOR CHILDREN 
 Анализа на состојбата на децата и семејствата

Како издание на UNICEF и Global Movement for Children, неодамна излезе книгата Анализа на состојбата на децата и семејствата во Македонија. Анализата  опфаќа повеќе области: детската средина (економска состојба, етничка припадност, семејство), косовските бегалци во Македонија, детските права, здравјето и исхраната, образованието, заштитата на детето и економијата. Посебен дел е посветен на проблемите на младината, а како анекс е претставена и анкета вршена со млади.


ФАРЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА  

ЦД- РОМ со проекти од областа на културата

ФАРЕ Програмата за развој на културата и Министерството за култура на Република Македонија издадоа ЦД-РОМ на кој се претставени околу 50 проекти од областа на културата реализирани во Република Македонија во рамките на споменатата програма на ФАРЕ, која е иницирана од Европската комисија.
Грото од проектите се реализирани од здруженија на граѓани и поединци, а останатите од научни и стручни организации и институции од областа на културата.


ПЛАНЕТУМ

 Пластика = Х

 Еколошкото друштво „Планетум” од Струмица ја издаде книшката „Пластика = Х”, со мотото „Таа планетата ни ја зема – да сториме нешто пластиката да ја снема”. Книшката е дел од проектот „Иднина со помалку пластика” и е финансирана од Институтот за трајни заедници од САД, Канцеларијата за демократија и управување, Бирото за Европа и Новите независни држави и USAID.
Во книшката можат да се прочитаат текстови за типовите  пластика и нивно рециклирање, за штетното влијание и управувањето со пластиката и други.


УРБИС  

Водич низ разнородните култури засолнети во Скопје

Здружението УРБИС од Скопје ја издаде книгата „Водич низ разнородните култури засолнети во Скопје”, од авторот арх. Олга Чоланчевска. На мошне оригинален начин, преку слики и зборови, авторот не запознава со богатството на архитектурата, занаетите, градителското наследсво, уметноста, црквите и си она што претставува богатство на традициите на  разнородните култури кои свое засолниште нашле во градот Скопје. Текстот во книгата е на македонски и на англиски јазик.
Водичот низ разнородните култури засолнети во Скопје може да се набави во здружението УРБИС. Книгата е издадена со поддршка на Институтот Отворено општество Македонија.


МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ  

Мед и крв – Балкански воен дневник

Македоонскиот институт за медиуми - МИМ ја издаде брошурата Мед и крв – Балкански воен дневник, во која се претставени појаснувањата на фотографиите на фото - репортерот Рон Хавив, кои гостуваа на изложбата што МИМ ја организира во Музејот на современа уметност во Скопје. Текстот во оваа брошура е на македонски, албански, турски, ромски, српски, влашки и на англиски јазик.
Фотографиите на Рон Хавив се претставени на веб-страницата www.bloodandhoney.com. Издавањето на брошурата, како и изложбата е финансирано од МИМ, Музејот на современа уметност од Скопје, IREX i Fridom Forum.

 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 08 Септември 2001
Број 08 Септември 2001
Вовед
Настани
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
Публикации
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA