НАСТАНИ
ЕДУКАЦИЈА
ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО МАКЕДОНИЈА
Книги за училишните библиотеки
Библиотеките на осум основни училишта од Македонија добија книги од Институтот Отворено општество Македонија, со вкупна вредност од 24 илјади долари. Донацијата е дел од проектот за унапредување на училишните библиотеки, а се планира покрај книгите да бидат донирани и ЦД-РОМ-ови и друг материјал. Училиштата добија и компјутери со пристап до Интернет, а во наредниот период ќе се држат семинари за библиотечно работење. Овие донации се доделени на по две училишта од Скопје, Битола и Штип, едно од Пробиштип и училиштето во битолското село Новаци.
|