Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 18 Јули 2002  Избор

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

СЛАТКИ ДОБРОТВОРНИ ПРИЛОЗИ – НАЈДОБАР НАЧИН ДА СЕ ПОМОГНЕ 

Донаторите ги отвораат своите паричници - но и очите

Ако сакаме да ги оцениме ставовите кон донирањето во добротворни цели деновиве, доволно е да погледнема колкав е изливот на средства по нападот на Светскиот трговски центар, на 11 септември, 2001 г. Една уредничка од Њујорк отишла директно во локалниот пожарникарски оддел каде загинале половина од пожарникарите и им предала чек во вредност од 1 000 долари. Фиделити инвестмент, кои управуваат со 2,4 милијарди долари од донаторските фондови, пријавиле донации од нивните клиенти во вредност од 10 милиони долари за трагедијата од 11 септември.

Но, ако трагедијата успеа да ги отвори срцата и паричниците, таа не успеа да ги спречи критиките. Фактот дека Фондот на американскиот Црвен крст подигнал 543 милиони долари врз основа на нападите, а не планирал да ги даде сите за жртвите, туку да ги зајакне резервите во случај на катастрофа, предизвика кај донаторите толку силно чувство на предавство и бес, што претседателот на гореспоменатата организација, Бернадин Хили, мораше да си замине од својата функција. Од инцидентот па натаму, неколку организации на Црвениот крст, пријавија опаѓање на донациите за 30 отсто.

Иако луѓето сe уште даваат добротворни прилози и покрај падот на берзата и општиот застој на светската економија, тие сега тоа го прават „поразумно” и бараат одговорност. Ова особено важи за Соединетите Американски Држави. „Имам впечаток дека сега е потешко да се соберат пари, но Американците тоа го прават како дел од нивната обврска кон заедницата”, вели Артур Белис, поранешен претседавач на „United Way International”.

Тој впечаток е поткрепен со цифрите објавени во четвртокот од страна на „Giving USA”: годишниот извештај на американската „Fundraising Counsel Trust”, асоцијација за филантропија, откри дека во 2001 година Америкаците дале 212 милијарди долари во добротворни цели, што е за 0,5 отсто повеќе во споредба со 2000 г., но нешто помалку прилагодено на инфлацијата.

Најголемото опаѓање во филантропијата доаѓа од донаторите од бизнис-секторот, чии донации (парични) се намалени за 12,1 отсто. Индивидуалните донатори обезбедија 75 отсто од сите собрани пари, а нивните донации се зголемени за 1,1 отсто.

Лошите времиња делумно се и катализатор за донирање. „Кога времињата се тешки, луѓето ги гледаат останатите човечки суштества кои имаат мака и си велат: Јас сум благословен”, вели Лоренс Васер, извршен директор на Музејот на холокаустот во Тампа, Флорида. „И мене не ми е лесно, но барем имам работа. Ќе дадам нешто”.

Иако филантропските донации многу малку опаднале досега, сепак, многу добротворни организации негодуваат. Во тоа негодување тие делумно се раководат од нивниот успех во неодамнешното минато. По четирите златни години кога донациите достигнаа пораст од 10 отсто, тие во 2000-та се зголемија само за 6 отсто.

„Кога развојот на техничките науки беше во подем, се случуваше некој да даде донација од 150 милиони долари на некое техничко училиште или универзитет”, рече Стејси Палмер, уредник на „Chronicle of Philantrophy”, весник кој ја покрива таа област. Таквите нешта сега речиси ги нема. Палмер рече дека застојот во економијата нормално довел и до застој во донирањето.


Очи широко отворени: донаторите со барање за одговорност
Но, ако застојот во донаторството и не е така драстичен, еден елемент кој секако претрпува промени е начинот на кој донаторите, особено оние од младата генерација, ги оценуваат добротворните цели кои ги поддржуваат. Тие научија да ги контролираат своите инвестиции со префрлање од еден заеднички фонд на друг. Тие имаат контрола над нивниот пензиски фондови. Сега сакаат да знаат каде одат парите од нивните донации.

„Луѓето сакаат да имаат поголем увид во нештата”, рече Палмер. „Младата генерација не ги почитува премногу големите институции. За разлика од нив, голем дел од нивните родители не прашувале; тие само давале и едноставно & верувале на добротворната организација.”

Оваа промена ги натера добротворните организации да создадат т.н. програми за „давање со назнака“, така што донаторите можат да назначат каде треба да се упати нивната донација. „Ова е едно од најголемите прашања со кои ‘United Way’ мораше да се справи“, рече Белис.

Барањето одговорност исто така предизвика добротворните организации, особено оние кои го изгубија кредибилитетот да погледнат длабоко во себе, во своите души. Па така, овој месец, од Црвениот крст најавија програма во која се обврзуваат појасно да кажат дека донираните финансиски средства би можеле се наменат на жртвите на други катастрофи.

Иако неодамнешните настани ги засилија барањата на донаторите за одговорност, во реалноста е многу посложено да се процени колку е ефикасна една добротворна организација и колку добро таа ги троши парите.

Непрофитните јавни добротворни организации и фондации, регистрирани во Соединетите Американски Држави, водат еден даночен документ наречен 990, за кој можете да најдете информции на интернет (њњњ.гуидестар.орг). Тој документ ни открива колкави им се административните трошоци и трошоците за собирање пари, односно колкав процент од нивните резерви трошат во добротворни цели. За оваа работа, САД се многу поотворени од другите земји. Во Германија, на пример, добротворните фондации му поднесуваат извештај само на Министерството за финансии од нивната матична држава, но тие извештаи не & се достапни на јавноста.

Но, дури и ако финансиските информации станат достапни, може сепак да биде тешко. „Управата за јавни приходи не врши доволно мониторинг”, рече Палмер. Иако добротворните организации треба да пријават колку потрошиле за собирање финасиски средства, тоа не го прават сите. „Понекогаш нивните сметководители ги советуваат да пријават нула”, додаде таа, а сe до неодамна, управата за јавни приходи ретко се сомневаше во тоа.

Освен тоа, постојат и начини да се манипулира со трошоците за собирање пари. Некоја добротворна организација може да испрати директно писмено барање за собирање пари за заболени од рак. Во писмото ќе стои: „Еве 10 начини како сами да го избегнете ракот, а ако можете, ве молиме испратете ни пари”. Бидејќи писмото содржи и информации за ракот, а мисијата на добротворната органзација делумно е и едукација за ракот, тие можат да оправдаат дел од трошокот за него како едукативен трошок.

Една нова веб-страница, њњњ.Цхаритѕ Навигатор.орг, ги користи досиејата од управата за јавни приходи за да ја провери стабилноста и ефикасноста на повеќе од 1.100 добротворни организации и да ги рангира од такви со четири ѕвездички („исклучителни”), до такви без ниту една ѕвездичка („исклучително сиромашни”), речиси исклучиво врз основа на нивните финансиски средства. Рангирањето се чини интересно за донаторите кои сакаат да дознаат дали некоја фаворизирана добротворна организација е толку ефикасна колку и просечната од нејзиниот сектор. На пример, просекот за административни трошоци за сите добротворни организации е 1,3 отсто. Просекот за музеи е 19, 3 отсто, голем дел поради трошокот за одржување колекции и згради.

Повеќето донатори претпочитаат да ги направат нивните донации така што ќе имаат даночни повластици. Земјите кои ги смениле даночните закони за да ги поттикнат донациите за добротворни цели, веќе ги гледаат резултатите од тие промени. Германија го зголеми даночното олеснување на 300.000 евра (290.000 евра) во период од 10 години, за поединци кои основаат фондации, со годишно даночно олеснување од 20.000 евра за донирање на постоечка фондација. Минатата година беа основани 1.000 фондации, за разлика од 2000 г. кога беа основани 681.

Во Велика Британија, која лани успеа да избегне рецесија, донациите за добротворни цели има корист од новите закони, според кои, на донаторите им се дозволува да даваат придонес за добротворните организации кои ги зајакнуваат настојувањата на локалната заедница. Британија исто така започна да ги ослободува донациите од данок на капитална добивка.

Во Азија, каде доминираат фондаците од бизнис-секторот, а индивидуалната филантропија не е високо структуирана, поттикот е минимален. „Даночните бенефиции се незначителни, ако воопшто и ги има”, рече Барнет Барон, извршен заменик-претседател на „Asia Foundation” во Сан Франциско. „Некои фондации од бизнис-секторот ја преживеаја азиската финансиска криза од 1997 г.”- рече тој, „но оттогаш па наваму нема пораст и средствата се намалени”.

Преземено од „International Herald Tribune” 22-23 јуни, 2002

 

©MCMS - designed by KOMA