Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

Погледи, Лидија Димова

Дали, воопшто, сме гладни?

На 14 март 2003 во Скопје, во организација на Здружението на економисти на град Скопје и во соработка со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија се одржа економски форум на тема “Економскиот развој на Западен Балкан“. На форумот учествуваа претставници од Владата на Република Македонија, познати економисти, стопанственици, банкари и претставници од медиумите и од невладиниот сектор.
Со надеж дека ќе се развие фокусирана дискусија, организаторите испланираа форумот да започне со презентацијата на извештајот “Патот до Солун – кохезија и Западниот Балкан“ на Европската иницијатива за стабилност (European Stability Initiative) од Берлин, односно на Извршниот директор Гералд Кнаус. Извештајот понуди пет конкретни прерораки коишто можат да послужат како основа за градење заедничката стратегија на земјите од Западниот Балкан за настапот на Европскиот самит во Солун во јуни 2003 година. Петте препораки, накусо, се следниве:
 Трансформација на процесот на стабилизација и асоцијација во рамка за кохезиони политики. Земјите од регионот, заеднички, би можеле да издејствуваат целите на зајакнувањето на економската и социјалната кохезија да се прошират на територијата на целата Европа, вклучувајќи го и Западниот Балкан.
 Европската агенција на реконструкција би можела да се трансформира во Европска агенција за развој и да има поинаков мандат, додека пак Пактот за стабилност би можел да постане Пакт за вработување и кохезија.
 Државите од Западниот Балкан би можеле да им се придружат на Романија, Бугарија и Турција под надлежност на ГД-Проширување. Односите со Европската комисија треба да се прошират од ГД-Надворешни односи до сите други Генерални директорати (ГД).
 ЕУ би можела да развие нови инструменти за структурни интервенции во Западниот Балкан за периодот 2004-2006 година. Искуството од програмите за претпристапувањето на земјите-кандитатки би можело да се искористи за секторите како што се: земјоделството, животната средина, сообраќајот, социјалната инклузија и вработувањето.
 По приемот на 10 земји-кандидатки, буџетот за претпристапување (3 милијарди евра) останува само за Бугарија и Романија с$ до 2006 година. Оттука, дел од овие средства би можеле да се искористат за добро осмислени кохезиони политики за Западниот Балкан.
По презентацијата на извештајот, следуваше дискусија. За жал, предметот на дискусијата и овојпат беше “старата македонска болка“ - кој што направил досега и кој за што е виновен и одговорен - без воопшто да се посвети некакво внимание на изложените препораки. И покрај сите обиди на организаторите да ја фокусираат дискусијата, исходот беше поразувачки - без трошка самокритичност и креативност, топката се префрлуваше од едниот агол во другиот, секако, со вообичаената доза на жолчност.
Безброј извештаи се напишани за Западниот Балкан од многу институции и организации, но факт е дека ретко кој е толку добар колку овој. И кога некој ќе ви ги “изџвака“ работите, а вие наместо да ја ставите само запршката, долевате вода, се поставува прашањето дали воопшто сте гладни? Единствениот заклучок што се наметнува од овој форум е дека или никој не ја разбира регионалната политика на Европската унија, па оттука ни препораките, или, пак, самозадоволното слушање на сопствениот глас го усовршивме до таа мера, што навистина и не е важно што кажуваме се додека зборуваме.

(Лидија Димова е претседател
на Македонски центар за европско образование)

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA