|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Федерацијата на фармерите во Македонија
Организација што обединува над 102 земјоделски здруженија
Федерацијата на фармерите во Република Македонија, е здружение на граѓани кое ја обединува работата на земјоделските здруженија и нивните членови за остварување на индивидуалните и заедничките права и интереси на современ и демократски начин. Визијата на неговите членови е организираниот фармер да биде движечка сила на одржливиот развој на земјава, па поради тоа нивните активности се насочени кон придонесување на развојот на одржливо земјоделство и квалитет на живеењето.
„Помагаме при решавањето на секојдневните проблеми на фармерот преку лобирање и застапување на нивните потреби и интереси, поддржуваме и реализираме активности на барање на земјоделските здруженија, ги претставуваме нив, ги информираме и едуцираме нивните членови, употребувајќи ги расположливите ресурси на Федерацијата. Со оглед на тоа што Федерацијата на фармерите на Република на Македонија е организација која обединува над 102 организирани земјоделски здруженија низ државава, за поблиска соработка со земјоделците, покрај главната канцеларија во Скопје, има отворено и четири регионални центри - во Битола, во Кочани, во Струмица и во Гостивар” - посочуваат од Федерацијата.
Регионалниот центар во Битола го покрива југозападниот дел на Македонија и ги опфаќа општините: Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Новаци, Кривогаштани, Могила и Долнени.
За подобар контакт со фармерите, Центарот се пресели во нови простории во центарот на градот, на ул. „Јосиф Јосифовски” бр. 28, телефон за контакт 047/225-635 (њњњ.ффрм.орг.мк).
Со цел да ги реализира мисијата и целите и да ги подобри состојбата и животниот стандард на земјоделците, Регионалниот центар во изминатиов период одржа повеќе средби со земјоделците и институциите, меѓу кои и:
средба за решавање на проблемот со пасиштата и немањето водопоила на истите; средба за решавање на проблемот со ниската откупна цена на тутунот; средби со институции; форум помеѓу членовите на УО на Федерацијата и Здруженијата за претставување на проблемите и изнаоѓање можни нивни решенија. За наредниот период, покрај активностите за решавање на тековните проблеми на земјоделците, предвидено е во текот на оваа година да се одржи школо за млади лидери и обука за советодавни услуги.
К.Б
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|