Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 18 Јули 2002  Погледи

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

ПОГЛЕДИ: КАТЕРИНА БОГОЕВА

Запознавање и препознавање

Во тек се парламентарните избори во државава и секое чекорење по нејзините улици значи соочување со идеите и ветувањата на оние кои влегоа во трката за подобра иднина. Се гледате ли себеси барем во дел од нивните презентирани програми? Успевате ли да видите дека и некој друг, приближно исто или пак идентично, за одредени сегменти од животот размислува како вас или пак сте само во фаза на запознавање со нови сегменти од нашава реалност?

Го слушате ли својот интуитивен глас кој и досега ве водел низ многу патишта и бара и сега да го почитувате? Одговорите на многуте поставени прашања доаѓаат подоцна, но, за жал, досегашното искуство кај многумина од граѓаните говори дека дел од нив воопшто не можат да препознаат дел од политичарите по нивното доаѓање на власт и со години се прашуваат што се случи со ветувањата, со луѓето кои на предизборните кампањи говореа со толку многу верба, дали нивната меморија е толку многу слаба? „Можеби се препознавме”, ќе рече некој, исто како кога на улица ќе видите човек кој ужасно ве потсетува на некоја драга личност и ќе побрзате да ја стигнете, но кога добро ќе му го видите лицето, ќе сватите дека тоа било само плод на вашата голема желба.

Невладините организации на овие избори се трудат, преку своите проекти и кампањи, да & го свртат вниманието на јавноста на дел од понудените изборни програми, за да го намалат ризикот од идното залудно препознавање, да го подигнат значењето на зборот граѓанин на повисоко ниво, на ниво на индивидуален идентитет, а не само на гласачка бројка. Тоа е борба за подобро запознавање на нашата реалност која, погледната од очите на сите граѓани, има различни перспективи. Подобро запознавање со она што ни се нуди, а е поврзано со родовата политика, политиката на заштита на животната средина, социјалната и здравствената грижа, но и со политичките и економските перспективи, но на поразличен начин од оној кој вообичаено од партиите овде се практикува. Додека трае изборната трка, претставниците на невладиниот сектор, но и „обичните граѓани”, циркулираат со своите идеи, нудејќи & ги на јавноста преку својот инфоцентар, сместен во култното кафуле „Медиум”, спроти Собранието на Република Македонија. За мене лично ова е уште едно запознавање со граѓаните од мојот град, со мажи и со жени, кои дома ги слушаат говорите на идните парламентарци, одат на митинзи, гледаат спотови, следат дел од изборниот маркетинг, а од друга страна седат во „Медиум”, пијат кафе и гласно говорат за својата визија на сопствената држава. Изборната трка е можност на взаемно запознавање на едните со другите, на партиите меѓу себе, со своите гласачи, но и со ставот на невладините организации, со нивните обележја, нивната литература, начинот на презентирање на ставовите. И обратно.

Она што весели во пријатниот амбиент на невладиниот инфоцентар е чувството на увереност во изнесувањето на ставовите што НВО се спремни да ги бранат, наспроти недоверливоста на многумина на кои „нетипичното учество во изборниот процес” им изгледа наивно, можеби поради ѕидот од зелена ограда на кафулето кој не личи на оние што ги поставуваат партиите кога ги презентираат своите програми. Ѕидовите се состојат од различни материјали, но најтенки се оние што се составени од луѓе во кои граѓаните често се препознаваат по изборите, од оние на многумина кои им приоѓаат за да ги поздрават, мислејќи дека ќе ја видат во нив некогаш презентираната мисла, а за жал ќе се сретнат со сосема нов израз на лицето.

А зелената боја е многу убава, особено доаѓа до израз кога ве одвојува од сивилото на бетонот и асфалтот. 

 

©MCMS - designed by KOMA