Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 32 Ноември 2003  Историјат на МЦМС

ДЕЦЕНИЈА ПОСВЕТЕНА НА РАЗВОЈОТ


Излегување од кризата, помирување, закрепнување и развој


Во 1993 година, во екот на војната која ја распарчи некогашната СФР Југославија, Светскиот совет на црквите со своето екуменско присуство се обидуваше да ги намали последиците од братоубиствената војна на овие простори. Во системот на водечки агенции на ССЦ, Македонија беше под надлежност на Холандската меѓу­црковна помош, чија намера беше воспос­тавување на подолгорочно присуство во нашата држава со целите да помогне во сочувувањето на мирот и за развој на цивилното општество; и да им помогне на луѓето кои имаат потреба од помош.


Во септември 1993 година, ХМП отвори канцеларија во Скопје. Канцеларијата постоеше се додека не беше формиран оперативниот партнер на ХМП во Маке­донија - Македонскиот центар за меѓу­народна соработка.

Основачкото собрание на МЦМС се одржа во декември 2003 година.

Годинава, значи, за МЦМС претставува значаен јубилеј - 10 години растеж и развој за развојот на Македонија. По тој повод, во наредните четири изданија на „Граѓански свет“, на две страници ќе објавуваме текстови посветени на активностите и на развојот на МЦМС.

Во овој број, ги претставуваме активностите кои МЦМС ги спроведе во 2000 и 2001 година.

Како да се надмине кризата низ која помина македонската држава, како да се ублажат последиците од војната, да се придонесе кон севкупниот развој на земјата - почнувајќи од економското закрепнување, па се’ до со­цијалната кохезија, помирување на спротив­ставените страни, разоружување, владеење на правдата? И како, во целиот тој контекст, да се проектира правилно сопствениот развој низ призмата на нова триго­дишна стратегија, како и низ призмата на една подолгорочна визија?

Сите овие, како и низа други предизвици, стоеја пред МЦМС во периодот 2000-2001 година. Ако сега, две години отпосле, ќе се осврнеме на тој период, јасно гледаме дека МЦМС одговори на тие предизвици. Дури, и многу повеќе од тоа…

 
2000: Стабилизација по косовската криза

На почетокот на новиот милениум, пред МЦМС се постави прашањето на враќањето на фокусот на своите главни активности кон развојот, и сопствениот, и на државата. Додека во изми­натиот период (а особено 1999 година), фокусот на активностите на МЦМС беше насочен кон големата задача - помош во надминување на бегалската криза пре­дизви­кана од косовскиот конфликт и надминување на последиците од војната во Југославија, во 2000-тата требаше да се направи оценка на сопствениот среднорочен план и да се про­ектира нова периодична стратегија. За МЦМС интер­венцијата во надми­нувањето на бегалската криза значеше огромно искуство и беше шанса за самодокажување, искушение за сопствените потенцијали и капацитети. Шансата беше ус­пеш­но иско­ристена, а иску­шението дове­де до позитивни резултати. Тоа беше исто­вре­мено мож­ност да се порасне и осозрее на најдобар можен начин - низ самопрегорна ра­бота, низ учење преку прак­тиката, низ соочување со дото­гаш непоз­нати пре­дизвици. Процесот на среднорочната оценка (внатрешна и надво­решна), покажа позитивни ефек­ти.

По скоро едногодишниот прекин, во 2000-тата повторно се обновија активностите во секторот граѓанско општество и демократија. Про­грамата за јакнење на НВО и Програмата за јакнење на женските НВО за здравствена едукација, полот-проектите за дијалог, толе­ранција и човекови права како еден вид „наследство“ од кампањата „Цело е кога има се“, значеа фокусирано свртување кон домаш­ната граѓанска сцена. Граѓанските здруженија добија неколку обуки. Беше дистрибуирано списанието посветено на женските здруженија, „Перспективи“. МЦМС во овој период доби и признание од новинарите-екологисти за својата улога во заштитата и унапредувањето на на животната средина. Продолжија актив­ностите за поддршка на народните црковни кујни. Внимание беше посветено на хен­дикепираните лица, кои се една од важните целни групи на МЦМС. Ќе ги споменеме проектот за преквалификација на 20 хен­дикепирани лица од Прилеп, кои се вработија во Заштитната работилница за професионално оспособување „Мегал“, како отворањето Клуб за хендикепирани во Дебар, кој со финансиска поддршка од МЦМС го отвори Здружението на Ромите „Месечина“ од Гостивар. МЦМС успеа да добие финансии за набавка на печатач со Браева азбука за слепите деца од Институтот “Димитар Влахов” во Скопје.

Во рамките на Програмата за водоснабдување на селата, беа донирани над 10 милиони денари за подобрување на водоснабдувањето во селата Бучин, Пресил, Милошево, Ворбоец и Свето­митрани, во општина Крушево. Со тоа, 2.278 постојани и околу 100 повремени жители на овие села добија доволно чиста и здрава вода за своите потреби.

Македонската развојна фондација за прет­пријатија (МРФП) пласира шест заеми во вид на кредити за 788 индивидуални земјоделци и неколку мали претпријатија; а беа доделени кредити, во соработка со „Можности“, за микро-претпријатија. На планот на економската помош, беа спроведени неколку активности на планот на поврзувањето на претпријатијата Скопје-Солун: совети, издавање на брошури на 4 јазици (македонски, грчки, германски и англиски), отворање Центар за деловна поддршка, обја­вување на веб-страницата www.thesko.gr, семинар за обука на прет­приемачи. На крајот на октомври 2000-тата година оваа програма заврши, но не беше прекината - таа продолжи да се спроведува во нов институционален дом - Претставништвото на германското стопанство во Скопје. 

На крајот на годината, МЦМС, во соработка со уште 13 здруженија на граѓани, го одржа првиот прием на НВО, со цел да им се одаде поддршка на граѓанските здруженија за успешното спра­вување со двете претходни, бурни години.

 

2001: Закрепнување и продолжување понатаму

Македонската криза значеше пореметување во секој поглед - државата се соочи со вооружен конфликт во своите граници, а потоа со миров­ниот процес и помирувањето. Многу нешта во самата држава беа ставени на проба, а работата на МЦМС беше прилагодена на новонастанатите услови.

Во 2001 година МЦМС започна и со новиот, тригодишен среднорочен период кој ќе трае до крајот на 2003-тата година. Согласно новите услови, беа воведени значителни програмски промени - од воведувањето нови програми, с$ до измени во дотогашните.

МЦМС беше еден од иницијаторите за со­пирање на конфликтот. Беа одржани јавни настани, со потпишување на Изјавата за ненасилно реша­вање на кофликтите, во соработка со неколку други организации (Центарот за мултикултурно разбирање и соработка, Ел хилал, „Месечина“, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Нансен дијалог центарот и поддршка на уште десетина други). Но, кога конфликтот се случи, една од по­важните активности во оваа година беше хуманитарната помош. МЦМС беше првата организација која им притекна напомош на раселените лица од кризните региони. Беше организиран хума­нитарен конвој во соработка со организациите Милосрдие, Ел хилал, Маке­донската право­славна црква и Исламската верска заедница, кој им даде итна помош на жителите на општините Вратница и Шипковица, со мешан етнички состав. Беа дистрибуирани пакети со хигиенски производи и храна во колективните центри за раселените лица, санирани водо­води, издадена бро­шура за раселените ли­ца и веб-страница по­светена на хума­ни­тар­ната по­мош и ста­би­лизирање на сос­тојбата на расе­ле­ните...

Програмата за оспо­собу­вање на заедни­ците ово­з­­мо­жи из­град­­ба на водо­снаб­дителни сис­теми во 15 локални за­едници. Исто­­вре­ме­но, локал­ните жители до­бија обука, техничка и ин­­­­сти­­­туционална по­мош. Во рамките на Про­грамата за мали раз­војни иницијативи беа опфатени 6.600 жители од оп­штина Мо­гила и се­лото Бар­довци. Во Мо­гила бе­ше отво­рен Центар за обука за ра­бота со компјутери. МЦМС во овој период изда­де и неколку зна­чајни пуб­­­­ли­­кации­: спи­­­­­­­­­са­­нието „Гра­ѓан­ски свет“, Адресарот на здру­­­­же­нијата на гра­ѓани во Маке­до­нија, како и Зборникот на проекти на гра­ѓански орга­низации во Маке­донија.

Македонската раз­вој­на фондација за прет­пријатија во овој пе­риод опфати 1.985 ко­­рис­­ници.Беа да­де­ни заеми на 443 инди­видуални земјоделци и 27 мали прет­при­јатија, беа дадени обу­ки, ус­луги за изра­ботка биз­нис-пла­но­ви, ин­фор­мации и гран­­тови. Кон сре­дината на 2001 го­дина, МРФП започна нова програма, во со­со­ра­ботка со Канадскиот центар за меѓу­народни студии и соработка – ЦЕЦИ, наменета за под­дршка на развојот на рурални бизниси и нивно полесно интегрирање во пазарната економија. Во овој период, по двегодишна работа, МЦМС ги заврши сите хуманитарни активности во Косово.

Програмата за градење односи во заедницата беше насочена кон мирната коегзистенција на граѓаните во мултикултурното македонско општество. Беше дадена обука (во соработка со MNNI-Mediation Network for Northern Ireland ) за медијација и управување со конфликтите – вештини кои на граѓаните во постконфликтна Македонија им беа повеќе од неопходни.

Подготвила: Маријана Иванова

ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА
Работилници за Законот за здруженија на граѓани и фондации
МЦМС, како иницијатор на изготвувањето и донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации, одржа неколку работилници низ Македонија на кои се дискутираше на прашањата кои произлегоа од неговото спроведување.
ПРВО СПИСАНИЕ ЗА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО МАКЕДОНИЈА
Граѓански свет

На почетокот на 2001 година почна да излегува месечното списание “Граѓански свет” – првото списание посветено на граѓанското општество во Македонија. Списанието оттогаш па до денес е достапно во печатена форма, на македонски, и во електронска форма, на македонски и на англиски јазик.
НВО САЕМ
Претставување на граѓанскиот сектор
Во 2001-та година, МЦМС беше иницијатор за организирање на првиот НВО саем во Македонија. Тој се одржа во Скопје, со финансиска поддршка од МЦМС и од Европската комисија.
НАГРАДИ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Поддршка на позитивните примери
Во 2001 година МЦМС ги востанови двете награди – Награда за граѓанско општество и демократија и Награда за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”.
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA