Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Тема

   

Лобирање за промени - искуства на граЃанскиот сектор во Македонија

Учењето на политичките и бизнис-игрите, непишано правило за успех 
 

Катерина Богоева

Сојузот на организаците на жените на Република Македонија започнува со ани­мирање на јавноста, со свртување на вни­манието на влијателните државни, поли­тички, непартиски, граѓански, бизнис, меди­умски и други фактори, за реализација на уште една однапред подготвена иницијатива, овој пат усвојување квота од 40% за двата пола на кандидатските листи за претстојните локални избори.
Жените, велат во СОЖМ, сочинуваат 51% од популацијата и елек­торатот во земјава, но само 18.3 % се застапени во Парламентот, 8.4% се совет­нички во опптинските совети, а во цела Македонија денес има само 3 градо­на­чалнички. Во веќе подготениот материјал на Сојузот е потенцирана неговата досегашна работа на полето на политичко јакнење на жените, стекнатите искуства врз кои се базира потребата за јасна и конкретна законска рамка за квоти, врз основа на што на Владата и на Парламентот ќе им биде предложено законско решение кое на македонските жени треба да им овозможи  да го постигнат нивото од најдемократските европски држави. Иницијатива ќе се повика на препораките од Комитетот на министри до земјите-членки на Советот на Европа, за еднаквото учество на жените и мажите во политичкото и јавното донесување одлуки, и на законската пракса и искуствата на земјите во регионот, како што се Словенија, Србија и Црна Гора и  Босна и  Херцеговина.

СОЖМ ќе упати барање за поддршка до Министертвото за правда каде е во тек законот за локални избори, ќе бара поддршка од Парламентот, од жените парламентарки, од Одделението за рамноправност на по­ловите  во Министерството за труд и соци­јална политика, од лидерите на политичките партии, на женските форуми во политичките партии и од Македонското женско лоби, како и од граѓанските организации во земјава.

 

“Сега е во тек подготовката на измените  на Законот за локални избори и  затоа е подобро навреме да се дејствува” - вели Светлана Цветковска, координатор на програмата за политичко јакнење во СОЖМ, која напоме­нува дека зад оваа иницијатива стои работа на политичкото јакнење на жената, парла­ментарните избори во 2002 година кога заедно со Македонското женско лоби издеј­ствуваа 30%  жени на кандидатските листи. За неа климата за лобирање во Македонија е поволна, тие  лобираат најчесто преку  жените во форумите на политичките партии, а тие, пак, кај својот лидер. “Начелно сите ја прифаќаат соработката”, потенцира Цвет­ковска, “нема територијална разлика од еден или друг дел од земјава, но финансиската поддршка за кампањата 51 % жени во Парламентот која трае од 1998 е главно странска. Локалните власти во земјава обезбедуваат  простор за нашите активности, а финансиите доаѓаат до норвешка, австриска страна, како и преку програмата на Пактот за стабилност”.

Ова е еден илустративен почеток на една од  многуте иницијативи во земјава што претен­дира да биде целосно реализирана и да ја добие потребната поддршка во општеството. За да биде успешна, потребно е да се придвижи една навидум невидлива маши­нерија за лобирање, притисок од страна на граѓанските организации во соработка со многуте чинители. Во Македонија гра­ѓанските организации скоро во сите сфери на дејствување во поголема или помала мерка (кој континуирано, систематски, кој понеорганизирано и инцидентно) работат  на спроведување на своите цели, барајќи ја потребната поддршка од различните вли­јателни општествени фактори, користејќи ги приватните релации, досегашните свои резултати,  повикувајќи се на загаран­тираните уставни права. Секој според своите можности, сили, умеење и искуство, созда­вајќи слика за себе како за с$ повидливи и упорни чинители во придвижувањето на одредени промени кои не се однесуваат само на законската регулатива. Неколку од нив говорат за (не)постигнатиот степен на влијание при постигнување на целите во клучните кругови на моќ во општеството, но и за упорноста и за градењето стратегии што врз своите, што врз туѓите искуства.    

Движењето на екологистите на Македонија својата видливост во минатото и денес ја врзува за постигнување одредени резултати кои се темелат токму на лобирањето кај одредени општествени чинители.  Задоволен од досега реализираното, претседателот на ДЕМ, Тони Јовановски вели: “Сметајќи дека основа за решавање на бит­ните прашања од областа на заштита на животната средина е донесување квалитетни и практични закони, ДЕМ и нивните членки посебно се ангажираа кон барање начин и лобирање за нивно донесување. Првиот Закон за животна средина и природа таканаречниот Еко- устав, е донесен на крајот на 1996 година, по огромен при­тисок од еко­логистите. ДЕМ иницира, бараше до­несу­вање на овој За­кон и во моментите на самата седница на 17 декември 1996 година организира демон­­с­тра­­ции за поддршка за негово донесување. Нашите искуства гово­рат дека лобирањето е процес во кој треба да се создаде доволно набој и критична маса за успех. Во оваа смисла се користеа сите можни начини и методи, преку медиумите, политичарите, видните интелектуалци, министерствата и локалните самоуправи да се  донесат нови закони. Многу видни политичари, како Киро Глигоров, Борис Трајковски, министрите Поповски,  Додовски и др., беа и се наши почесни членови и како такви и лично придонесуваа за донесување одредени закони и подзаконски акти”.

Запра­шан кој е поприемчив за лобирање, политичарите или бизнис-секотрот, Јо­вановски одговара “политичарите”, кои со покажаниот интерес за соработка сакаат да ги придобијат граѓаните. “Политичарите особено се заинтересирани за соработка пред изборните процеси. Бизнис-секторот пак од една страна  заради постојните закони кои не се спроведуваат во пракса, и од друга, бидејќи нема привилегии со фискалните закони, не покажува поголем интерес за соработка и заедничко лобирање за реали­зирање на одредени проекти”.

Неколкуте пак карактеристични искуства на Здружението на граѓаните ОХО, според претседателот Пеце Талевски, се доволно илустративни сами по себе. Говорејќи за соработката со бизнис-секторот, тој ја потенцира почетната 1998 година, кога проектот за екоедукација „Немаме резервна планета” се реализирал со поддршка од домашни компании - А.Д. Европа , Цементар­ница Усје, Макпетрол и др.


„Беше особено едноставно, имавме квали­тетен проект, одлично позициониран во јавноста и кон целните групи (ученици и наставници, вкупен број на корисници околу 190.000), и компаниите многу лесно го препознаа својот интерес за поддршка на проектот. Но проблемот настана следната година кога тогашниот министер за обра­зование не дозволи проектот да биде финансиран од компании, па затоа бевме принудени да побараме поддршка од  фон­дации. Во текот на парламентарните избори во 2002 година, најголем донатор на проектот “Изборен фер плеј” беше ДНЕВНИК, кој го финасира печатењето и дистрибуцијата на прирачниот “Како најлесно да ја упропастиш сопствената држава”, во тираж од 90.000 примероци. Во соработката со институциите, ОХО, како позитивна,  ја наведува релацијата со Бирото за развој на образование кое го смета за партнер “Соработката секогаш била задоволителна, како и до пред 2-3 години со Фондот за животна средина. Со Минис­терството за животна средина и просторно планирање, од почетокот до денес, имаме прилично стабилни релации. Имаме испра­тено точно 47 писма, дописи, барања и слично и се разбира, немаме добиено ниту еден одговор. Со секој нов министер остваруваме една до две средби, тие се воодушевени од резултатите и квалитетот на материјалите, и сите средби завршувале со зборовите, дека штом ќе ја завршат програмата или стра­тегијата, ќе ни се јават. И така, веќе шеста година чекаме да ни се јават”. И за искус­твата, пак, со проектот за почитување на авторските права, Талевски е со кратки резимеа: “Имавме одлична соработка со Утрински весник и ТВ А1 за јавна едукација за авторските права, а како дел од актив­ностите на проектот беше создаден експер­тски тим кој преку серија работилници и форуми состави препораки за нивно оства­рување. Реализиравме неколку средби со претставници од Министерството за култура, но никој од нив не се вклучи во работата на експертскиот тим. На крајот им ги доставивме препораките. Ниту една од пре­пора­ките не содржеше упатство за корис­тење багер пред ка­ме­ри како метод за унапредување на заш­­титата на автор­ските права во Маке­донија”.

 

Полио плус - пост полио групата за поддршка, промената на позитивните законски прописи  во правец на обезбедување заштита на правата и бенефициите на лицата со хен­дикеп, ја смета за главна определба на дејствување на организацијата, но како што потенцира нејзиниот прв човек, Звонко Шаврески, секторот во кој се дејствува е незгоден за одржлив развој, односно за надми­нување на трет­манот од борба на хумани­тарна основа, на ниво на борба за човекови права.

 

При лобирање за раз­личен вид поддршка, мора да се внимава на “хуманите мотиви” кои можат да бидат екстремно нечесни и да се влезе во мани­пулативни клешти, па да н$ користат само за фотографирање. Досега учевме на своите и на грешките од другите од неостварените ветувања. На пример, баравме во Законот за попис во 2001 година да биде внесено 16-то прашање - здравствената состојба на граѓанинот. Навидум с$ беше готово, ја имавме под­дршката од сите релевантни инстанци, а на крајот ниту еден збор од ветувањата не беше вграден во законот, за чие менување сега треба да помине време. Тогашниот прет­седател на републичкото собрание, Стојан Андов, побара од нас во одреден временски рок да му ги доставиме потребните аманд­мани, со ветување дека сигурно ќе бидат вградени. Ние го испочитувавме рокот, а не се случи ништо, не добивме ни извинување. За разлика од ова, имавме позитивни искус­тва со проектот “Нееднаков пристап, еднаков престап”. Се лобираше во разни сектори, на повеќе нивоа, а различни структури на луѓе дадоа поддршка, учествуваа мали и големи фирми, некои и сами градеа пристапни рампи. Оформената Интерпартиска парла­ментарна лоби-група за правата на лицата со посебни потреби, составена од пратеници од сите партии во македонското собрание, е засилена со советодавен комитет за  широка лоби-гупа од сите пори на општествениот живот. Нејзината крајна цел е донесување системски закон кој ќе ја регулира закон­ската материја за хендикепираните и во иднина ќе служи како референца”.

 

Шаврески смета дека полесно се лобира кај бизнисмените и донорите, отколку кај политичарите.

“Тие се полесни за соработка”, вели тој, “најнезгодни се политичарите, на најго­лемиот дел од нив им треба време да реагираат, да го оценат моментот за правилна одлука. Нашите искуства со лобирањето меѓу парламентарците им ги пренесуваме на  заинтересираните од Србија, од Босна и Херцеговина и од Велика Британија, а во тек е подготовка на филм за ваквиот вид  лобирање”.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA