|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
“ДОВЕРБА ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ
ДЕСЕТ ГОДИНИ АКТИВНО ДЕЛУВАЊЕ
Здружението за унапредување на лекувањето, рехабилитација и ресоцијализација на лицата што злоупотребуваат дроги и други психоактивни супстанции “Доверба” од Скопје, на 17 ноември го одбележа своето 10-годишно постоење. Организацијата во сите овие години вложи несебичен труд во полето на превенција на злоупотреба на дроги.
Во 1997 година од Фондот Ноу хау (Кноњ Хоњ Фоунд) и од Британската влада добија донација за апаратура за Центарот за превенција и третман на злоупотреба на дроги во Кисела Вода. Во 2001 година, со поддршка на МЦМС, беше отворена канцеларијата на “Доверба”, каде беа спроведувани бројни активности, како што се информативна линија, советувалиште, едукација и психоедукација, креативни работилници и др.
Во 2000 година Здружението учествува во работната група на подготовка на заеднички проект на Министерството за здравство, СЗО и УНИЦЕФ на децентрализација на служби за превенција и третман на злоупотреба на дроги, како и во формирањето на Градското координативно тело за борба против дроги на Град Скопје. Во 2003 година “Доверба” стана член на Националното координативно тело за превенција на ХИВ/СИДА и учествуваше во изработката на националната стратегија за превенција на ХИВ/СИДА во Македонија. Во 2004/2005 година со поддршка на Агенцијата за млади и спорт го реализираше проектот “Младинско советувалиште” каде преку психоедукативни работилници се насочува кон превенција и рана и брза интервенција при употреба на алкохол и дроги.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|