МЦМС
Обука за раководење со проектен циклус
Од 28 мај до први јуни во Охрид, Македонскиот центар за меѓународна соработка ја спроведе втората по ред обука за Раководење со проектен циклус, која што е наменета за членови и активисти на НВО во Македонија. Учествуваа 17 претставници од 17 различни НВО. Беа опфатени организации чија што целна група се млади и деца, хендикепирани, жени, општа целна група вклучувајќи и еколошки организации. Работата на обуката се засноваше на Adult Learning Method, модел кој што се заснова повеќе на интерактивност на учесниците и обучувачите и, исто така, давање на можност да самите учесници работат во групи, и така да ги поминат сите фази на проектниот циклус: фазата на идентификација која што опфаќаше развивање на „дрво на проблеми”, „дрво на цели” и развивање на логичка рамка, фазата на формулирање, спроведување, мониторинг и оценка. Ова беше само дел од обуките кои што оваа програма ги нуди, а во иднина ќе се спроведат слични вакви и обуки од други теми, како редовни и скроени обуки за раководење со проектен циклус, институционален развој/оранизациско јакнење, канцелариско и архивско работење.
|