Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

ОН ќе интервенираат за да се избегне меѓународната забуна околу имињата на земјите, градовите, планините и реките 

Бомбај или Мумбаи? Пекинг или Бејџинг? Дури и на ОН им се случува да згрешат

Обединети нации ќе интервенираат за да се избегне меѓународната забуна околу имињата на земјите, градовите, планините и реките кои се менуваат толку брзо поради што поштенските услуги, трагачките и спасувачките тимови, како и туристите и јавните сообраќајни претпријатија не можат да фатат чекор со нив. Следната година ќе бидат објавени два водичи за стандардизирање на имињата насекаде во светот, па така во овој растечки глобализиран свет ќе биде возможно да се пронајдат одредени луѓе или места.

Едни од најочиглединте примери за потребата од наука за имињата на местата (топонимија) се промените на името Бомбај во Мумбаи и Пекинг во Бејџинг (на кинески - главен град на северот), кои се всушност точните називи на овие места од претколонијалната ера. Примери на враќање во употреба на старите, односно локалните имиња има многу, особено во Африка и во Индија, со цел да се отфрли каква било асоцијација на периодот на колонизација. Ситуацијата се влоши исто така и со распадот на поранешниот Советски Сојуз, каде што голем број земји коишто се наоѓаат во централна Азија ги враќаат имињата на своите градови како во преткомунистичките времиња.

Дејвид Мунро, директор на Шкотското кралско географско друштво и шеф на По­сто­јаниот комитет за географски имиња кои се во официјална употреба во Бри­та­нија, рече дека целта на ОН е да се држи чекор со промените, така што секој би знаел точно каде се наоѓааат местата.

“Тоа е важно од административни при­чини”, рече тој. “На пример, на хуманитарните организации им е важно за да знаат каде да ја упатат помошта. Ако не се сигурни каде се наоѓа некое место, тогаш како ќе можат да ја достават храната до вистинските луѓе?”

Менувањето на имињата на местата може да резултира со последици значително поголеми од само една едноставна забуна. Министерот за одбрана вработи тројца луѓе во Кралското географско друштво во Лондон чија задача е да водат сметка за промените на имињата секаде во светот. Користа од ова е двојна - како прво, нема да се дозволи Министерството за надворешни работи да се посрамоти со тоа што ќе употреби “старо” име, и како второ, да им се помогне на разузнавачките служби да бидат во тек со имињата кои терористите, или, пак, некои други политички групи можеби ги употребуваат на својот мајчин јазик.

Има примери од Првата заливска војна кога се фрлале бомби на погрешно место поради некои недоразбирања поврзани со имињата. Примери со забуни околу имињата има многу. Во Израел, на пример, градот кој во Англија е познат како Еру­салим, на еврејски се нарекува Јерушалаим (или Уршалим), а на арапски ал-Кудс. Недоразбирањата се решени со тоа што сега на картите ги има сите четири верзии на името.

Именувањето на местата е високо политичка и потенцијално опасна одлука. Поранешната Југословенска Република Маке­донија која сега себеси се нарекува Македонија, за малку ќе се најдеше во војна со соседната Грција поради спорот со името, бидејќи Грција стравуваше дека тоа е обид за припојување на нејзината северна провинција, која исто така се нарекува Македонија. ОН официјално ја нарекува земјата Бивша Југословенска Република Македонија, или скратено БЈРМ, но Експертскиот комитет за имиња на ОН, чиј претседавач е Хелен Керфут, признава дека никој во Македонија не го користи тоа име.

Ситуацијата е уште посериозна во земјите, како на пример Јужна Африка, каде што има дури 11 официјални јазици. Градот којшто на англиски се вика Кејптаун, на африкански е Капстад, додека пак на локалниот јазик ксоса тој е Екапа. Владата се уште бара начин како да го реши ова прашање.

Дури и во Канада, од каде што потекнува и г-ѓа Керфут има проблеми, особено меѓу француските и инуитските заедници каде што имињата на местата се менуваат. Така, на пример, еден голем залив наречен според англискиот истражувач Фробишер, сега се вика Икбалут на барање на Инуитите, кои го користеле тоа име уште пред постоењето на Канада како држава.

Еден од проблемите за топонимистите е смената на англиканските имиња со цел да се означи потеклото. Во Азија, на пример, Ташкент го поправија во Тошкент, а Самарканд на Свилениот Пат кон Кина стана Самарганд.

 

Преземено од: хттп://њњњ.гуардиан.цо.ук/интернатионал/сторѕ/0,3604,1284498,00.хтмл

(Пол Браун, 17 август 2004 - Гардијан)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA