Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

ЗАВРШЕН збор

Одржливост - еден добар мит

Даниел Кон-Бендит, роден на 4 април 1945 година во Монтобан, Франција, беше портпа­рол и лидер на Мајската револуција во Париз (1968), репер-настан на хипиерата во кој студентите се побунија против Виетнамската војна, владата на Де Гол и капиталистичкиот систем. По протерувањето од Франција, Кон-Бендит работеше во книжарницата Карл Маркс (1968-1973) а подоцна и како уред­ник и издавач. Од 1994 г. тој е домаќин на швајцарската телевизиската програма „Лите­ратурен клуб“ (Literaturklub). Кон-Бендит, сега жител на Германија, е член на Европ­скиот парламент и од 1999 ги заста­пува „Зелените“ во Брисел. Уредникот на Бил­тенот на РЕЦ, Павел Антонов, побара од него да направи споредба помеѓу кампањите од младинските движења во шеесеттите со европските пре­дивици на денешницата - одржливоста и проширувањето на ЕУ.

- Во текот на вашето неодамнешно пре­давање на Централноевропскиот уни­верзитет во Будимпешта, рековте дека по Втората светска војна, политичката елита на Европа му наметнува конзерватизам на оп­штес­твото, што е гледиште на кое му се спротивставуваа младинските движења од шеесеттите. Дали ситуацијата во централна и источна Европа денес изгледа слично? Дали дојде време кога идеите за одржливост, пра­ведност и чисто производство ќе ги заменат настојувањата за потрошувачка и економски развој по секоја цена од периодот по Сту­дената војна?

· По комунизмот, луѓето од источните земји сакаа да ги достигнат животните стандарди на Западна Европа. По неколку години, таа насока полека почна да се менува. Иако денес се’ уште се чини дека грижата за па­зарите им е доволна на либералните орга­низации во општеството. Јас мислам дека идејата за едно социјално, еколошко и пазарно водено општество ќе биде една од главните карактеристики на проширената Европска унија. 

- Дали бунтовната генерација на шеесеттите од Западот е виновна за денешниот пре-потрошувашки, неодржлив и неправеден свет? 

· Не може да се зборува за една цела генерација. Но можат да се посочат некои од нејзините членови. Претставниците на оваа генерација ја делат одговорноста за вла­деењето со западните општества. Еден таков пример е Германија. Таму, ние се трудиме да го преориентираме оп­штеството кон одрж­ливост. Би рекол дека е крајно време нашата генерација да по­каже што може да стори во тој поглед. 

- Како мислите дека ќе влијае приемот на десетте нови земји кандидати во Европската унија врз од­рж­ливиот општествен раз­вој?

· Мислам дека про­ши­ру­вањето е историски оправ­дано и дека е неопходно. Од друга страна, пак, про­ши­рувањето значи дека ќе треба да се смени начинот на кој функционира Европа. Мораме да ја засилиме ев­роп­ска институционална структура. И мора да за­почнеме интензивни раз­говори и дискусии со новите земји-членки за тоа како заедно да ги организираме реформите во нивните оп­штес­тва заедно со „ста­рата Европа“, ако може да се искористи овој термин. Мислам дека нај­големиот предизвик е како да се хармо­низира желбата за по­големо богатство со неопхо­дноста на ква­литативниот раст. Ова значи дека богат­ството не треба да се добие по цена на уништување на животната сре­дина. Ова е еден од главните проблеми кои треба да ги решиме заедно. 

- Рековте дека некои од идеалите на дви­жењето од шеесеттите биле митови кои му требале на општеството за да продолжи да се развива. Дали одржливиот развој е мит на нашето време?

· Мислам дека одржливиот развој ќе стане се’ повеќе реформистички. Тоа е целта. Тоа е насоката по која сакама да се одиме. Одрж­ливоста е нешто многу едноставно - ако го развиваме нашето општество, наместо да уништуваме се’, тогаш сигурно ќе растеме на начин кој ќе трае подолго од само една генерација. Мислам дека ова е еден од главните митови во позитивна смисла, кој може да ја структуира денешното рефор­мистичко движење.

- Како политичар кој бил дел од општествени и протестни движења, дали верувате дека оние кои се во политиката можат да ја поврзат оваа порака со секојдневните животи на луѓето?

· Јас сум атеист и не верувам во ништо, вклучувајќи го и обидот политиката да биде одговор на прашањата од секојдневниот живот на луѓето, како и обидот таа да го покаже патот кон иднината. Структуирањето на секојдневниот живот мора да биде во насока на одржлива иднина и она што ние како политичари треба да го сториме е едноставно да го организираме тоа.


(The Bulletin, regional environmental center for Central and Eastern Europe, March 2003)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 26 April 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Обуки
Публикации
Луѓе
Историја на гра. опш.
Тема
Интервју
Форум
Писма
Концепти
Q&A
Појмовник
Представување
Донатори
Избор
Погледи
Коментар
 

©MCMS - designed by KOMA