НАСТАНИ
ФОРУМ
ТЕМА ЗА ДЕБАТА
Дали волонтерството си уште живее тука?
Годинава од ООН е прогласена за меѓународна година на волонтерството. Ентузијазмот, несебичноста, посветеноста и волонтерството се движечките сили на граѓанските здруженија. Дали си уште ги негуваме? Дали овие доблесни мотиви, и покрај проблемите со кои се соочуваме - и од политички и од економски вид - си уште се присутни меѓу нас?
„Граѓански свет” ве поканува да ги изнесете своите мислења, ставови и искуства во врска со оваа тема во текот на овој месец на Форумот отворен на нашите веб-страници (www.graganskisvet.org.mk и www.civicworld.org.mk). Ве молиме во дебатата да учествувате со своето полно име и презиме! Во наредниот број на „Граѓански свет ќе објавиме делови од таа интернет-дебата и ќе ја најавиме темата за наредната. За почеток ви претставуваме мислења на оваа тема на неколку лица активни во граѓанскиот сектор: Лилјана Алчинова: Си уште постојат ентузијасти и волонтери но, според мене, главно во помалите места и руралните подрачја. Ме загрижува фактот што си повеќе здруженијата и активноста во нив се разбираат како место и начин на обезбедување плата за нивните активни членови. Мислам дека причина за ова е лошата економска состојба во Република Македонија. Бесим Небиу: За многу граѓански организации, волонтерите се си уште единствен релативно стабилен ресурс. Ми се чини дека во услови на променет социјален контекст на волонтерството како појава, основниот предизвик е да се изгради нова перцепција за волонтерството во јавноста. На индивидуално ниво, организациите треба да имаат елементарни стратегии за ангажирање, ориентација, обуки и воведување на волонтери. Зоран Стојковски: Во поголемиот број на случаи, во македонските организации, мотивацијата за работење и постоењето на организациите се сведува на добивање на финасиски средства од странските или домашните фондации. Не постои практика на работа со волонтерите кои сакаат да го понудат сопственото драгоцено време за потребите на организациите... ...Значи она што ќе му обезбеди препознатливост и автентичност на третиот сектор - мотивацијата и посветеноста, се задушува во самиот почеток преку моделите на третитрање на моќ, што раководствата на македонските НВОи во изобилие ги користат. И тоа со концепти кои во себе не го содржат концептот на граѓанското/невладиниото организирање.
|