|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Протоколот од Кјото
Русија и формално го прифати документот од светско значење
На 18 ноември Русија и формално го прифати Протоколот од Кјото за глобалното затоплување, по претходното потпишувањето за негово стапување на сила од страна на претседателот Владимир Путин. Со ова, Русија овозможи стапување на сила на протоколот на 26 февруари 2005, деведесет дена по потпишувањето. Договорот обврзува 55 индустриски земји драстично да ја намалат емисијата на гасови, како на пример јаглероддвооксид до 2012 година. Австралија и Соединетите Американски Држави, кои се најголемиот светски загадувач го отфрлија договорот.
До 2012 година индустриските земји ќе мораат да ја намалат колективната емисија на шест клучни штетни гасови за 5,2 проценти во споредба со нивото од 1990 година. Се верува дека овие гасови ја задржуваат топлината во атмосферата, што влијае на затоплувањето на Земјата. Т.Х.
Туркменистан
Веб-страница за слободата на информирањето
Мрежата КАСКФАН-(Централ Асиан анд Соутхерн Цаусцасиан Фреедом оф Еџпрессион Нетњорк) изготви веб-страница која е веќе поставена на интернет. Информации за веб-страницата можат да се најдат на www.cascfen.org. Целта на веб-страницата е да ја промовира слободата на информирањето во регионот и низ светот. Веб-страницата е на руски јазик, а самото нејзино објавување е мошне важен исчекор за оваа држава, која се смета за една од најзатворените во светот.
На веб-страницата се повикува на поддршка на слободата на масовните медиуми и на слободата на изразувањето и говорот. Управата на мрежата КАСКАФАН повикува на соработка, обраќајќи им се на властите, медиумските куќи, новинарите и на здруженијата на граѓани.
М.И
Обединети нации
Нов глобален извештај за ХИВ/СИДА
На 23 ноември УНАИДС, заедничка програма на Обединетите нации за ХИВ и СИДА го издаде извештајот “АИДС Епидемиц Упдате 2004”. Во извештајот објавен по повод Светскиот ден против сидата кој се прославува на 1 декември секоја година, се прикажува врската помеѓу насилството врз жените и растечката светска епидемија на вирусот ХИВ и сидата. Извештајот се појавува во предвечерјето на годинешната кампања за Светскиот ден против сидата од страна на организацијата посветена на жените, девојките и ХИВ/СИДА-та. Во исто време ќе биде одржана и прес-конференција на која ќе се лансира годишниот извештај во повеќе градови во светот, како на пример во Банкок, Буенос Аирес, Бразилија, Брисел, Женева, Џакарта, Лондон, Мадрид, Москва, Најроби, Њу Делхи, Парис, Сан Салвадор и Токио. Целиот извештај е достапен на www.unaids.org.
Т.Х.
Азиската банка за развој
Редукција на сиромаштијата во градовите
Азиската банка за развој – АДБ ја објави Стратегијата за редукција на сиромаштијата во градовите. Во овој материјал се изнесени податоците за растечките трендови на сиромаштијата во големите градови во Азија. Урбаната популација забрзано расте – во Азија, се проценува дека до 2020-та година секој втор жител, односно вкупно 2,2 милијарди луѓе, ќе живеат во градовите. Истовремено се генерираат богатството и просперитетот кај помала група урбани жители, но кај големото мнозинство расте сиромаштијата, невработеноста, гладот, се влошуваат условите за живот, хигиена и личен стандард.
Целокупниот материјал кој говори за овој проблем може да се преземе од веб-страницата на АДБ: www.adb.org.
М.И. |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|