ФОНДАЦИИ ВО ЕВРОПА
Прирачник од Фондацијата "Бертелсман"
Во соработка со „Директориум на социјалните промени” и Фондацијата „Добротворна помош„, Фондацијата „Бертелсман” есенва ќе објави прирачник за филантропијата. Книгата е составена од четири главни секции, за улогата на фондациите во општеството, за прашањата на управување и организирање, за раководење со програмите и, на крајот, за законската рамка за управување со фондациите во земјите од европската економска област. Земјите кандидатки од Централна и од Источна Европа се исто така вклучени во книгата. Оваа книга ги содржи и секциите за општество и закони и тематските секции за управување, организација и раководење. Улогата на фондациите во општеството е оценувана преку идентификување на најкарактеристичниот придонес на една филантропска култура кон европската филантропија
Законската секција на оваа книга не ја следи вообичаената шема на опишување на закониците „земја по земја”. Наместо тоа, таа има компаративен пристап и се обидува поглавјата да ги организира околу клучните прашања што ги дефинираат компаративните предности кај некои законици, наспроти другите. Така, книгата цели кон читатели кои се заинтересирани да ги споредат законите во разни европски земји и да ги воочат погодностите и непогодностите кај земјите за кои се заинтересирани. Областите кои се третирани се законските форми достапни за фондациите, што се бара за основање и создавање една фондација, оданочување, државен надзор и, на крајот, прекугранични активности. Овие пет поглавја се базирани врз информациите и изворите собрани преку истражниот прашалник кој беше организиран во соработка со Институтот на правници за асоцијации и фондации во Брисел и неговиот претседател Брадли Галоп.
Како додаток на тематските поглавја, апендиксот дава цело богатство од информации за одделни земји собрани за оваа книга, во форма на компаративно резиме. Книгата го отсликува убедувањето на Фондацијата „Бертелсман” и на нејзиниот тим дека филантропијата во Европа ќе делува во околина со растечка конкуренција, што се должи на растечкиот број и на корпоративни и на приватни донатори и нивната нова подготвеност да се ангажираат во филантропски активности во странство. Кога избираат каде да се ангажираат во овие активности, донаторите повеќе ги земаат предвид компаративните предности на законската и на фискалната рамка на една земја за добротворни дејности. Книгата е прв обид да се обезбеди основа за информирано донесување одлуки и придонесување кон засилувањето на филантропските потенцијали.
(SEAL – Social Economy and Law, 2000)
|