Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Тема

   

ПО СВЕТСКИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

Не се плашете од различниот

И покрај сета добра волја, проблемите остануваат нерешени. Ромите сe уште живеат главно во супстандардни услови - само во Скопје 78 отсто од ромските семејства живеат во домови без канализација; 50 отсто семејства имаат простор за живеење од 2 до 5 квадратни метри по член; 116 семејства живеат во домови кои не се направени од цврст материјал…

Маријана Иванова

Светскиот ден на Ромите, 8 април, годинава кај нас беше одбележан под мотото „Сите сме едно“, со кампања организирана од повеќе невладини организации. Малку поорга­низирано и погласно од минатите одбе­лежувања на овој ден, Ромите од Македонија повторно во јавноста ставија акцент на многу­бројните проблеми со кои се соочуваат во општеството - почнувајќи од предрасудите и односот (диктиран токму од тие предрасуди) на „другите“ кон нив, преку проблемот на децата на улица, питачењето, па се до општите проблеми, заеднички за сите граѓани на Македонија: сиромаштијата, невра­ботеноста, образованието, Рамковниот договор…

Во кампањата учествуваа не само ромски, туку и други организации, а таканаречениот Марш на еднаквоста, исто така организиран во нејзини рамки, “маршираа” над илјада граѓани - Роми, Македонци, Албанци, Турци, Срби и припадници на други народи кои живеат во Македонија. Тие докажаа дека полека, но сепак, нешто се менува во односот на луѓето едни кон други. Маршот, кој стартува од Градскиот парк, па поми­нувајќи покрај Владата и Парламентот, заврши на плоштадот „Македонија“ покажа дека постои реле­вантна група луѓе кои имаат волја да се погледнат и прифатат како еднаков со еднаков. Со паролите „Не се плашете од различниот“, „Сите сме едно“, граѓаните кои го имаат надминато сопствениот нацио­нализам, ја упатија својата порака и се обидоа да влијаат против предрасудите и за еднакви права на сите.

Но, и покрај сета добра волја, проблемите остануваат нерешени. Ромите се уште живеат главно во субстандардни услови - според истражувањето спроведено во 2000 година под раководство на проф. д-р Дивна Ла­кинска, само во Скопје 78 отсто од ромските семејства живеат во домови без кана­лизација; 50 отсто семејства имаат простор за живеење од 2 до 5 квадратни метри по член; 116 семејства живеат во домови кои не се направени од цврст материјал; 36 отсто од децата не посетуваат училиште; само 18 отсто од Ромите во Скопје примаат плата како вработени и само 12 отсто примаат пензии…

Важно е да се разбере и да се прифати фактот дека за ваквата состојба вината не е во Ромите, туку во државата. А ако пак оваа жална состојба се прифати како колективна вина од сите граѓани, има надеж дека таа може и да се подобри. Бидејќи, само со прифаќањето на Ромите како граѓани кои имаат право, како и сите, на пристоен животен стандард, вработување, обра­зование, учество во јавниот и во поли­тичкиот стандард, и одејќи понатаму, со заеднички напори да се создадат услови тие да ги остварат овие права - босите питачиња од Камениот мост ќе се обујат и ќе тргнат во училиште.   



ПОЧЕТОЦИ НА БОРБАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ
Лондонскиот конгрес - меѓник во ромската историја

„... Иако до моментот на раселување од својата прататковина Индија, Ромите живееле во земја со богата култура, припадниците на овој народ со самото доаѓање во новите средини биле ставени на маргините на општествените, политичките и кул­турните случувања. Ниту бројните закони и забрани за употребата на ромскиот јазик, обичаите, а во поновата историја и обидите за тотални геноциди кои се правени над нив, не успеале од земјата да ги избришат трагите кои овој народ ги остава зад себе. Ромите се до денешен ден и покрај тешките услови на живеење се обидуваат да го сочуваат својот национален идентитет и специфичните кара­ктеристики кои го сочинуваат ромскиот етнос.

Самиот почеток на тие обиди за сочувување на ромскиот национален идентитет започна, по иницијатива на големиот Ром - писателот Слободан Берберски од Југославија, на 8 април 1971 година, кога во Лондон започна меѓусебното ромско поврзување и соработка. Тогаш е одржан Првиот светски конгрес на Ромите, на кој присусувувале делегации на Роми од многу земји од светот и е основана Меѓународната ромска организација за чиј прв претседател е избран Слободан Берберски. На тој конгрес Ромите донеле одлука за знамето (поделено по хоризонтална линија во две бои: зелена и темносина, во чија средина се наоѓа црвено тркало) и химната (Гелем, Гелем). Исто така, беше донесена одлука за стандардизирање на ромскиот јазик, репарација за Втората светска војна, подобрување на граѓанските права и обра­зованието, зачувување на ромската култура и меѓународно препознавање на Ромите како национално малцинство со потекло од Индија. Делегат на овој конгрес од Македонија беше г. Фаик Абди. Во знак на сеќавање на нивното прво организирање, Ромите од целиот свет го слават тој ден како Ден на Ромите.“

Љатиф Мефаилескоро Демир, „Дархија“


ВО ДЕЛЧЕВО
Ликовна колонија, турнир во мал фудбал и интеркултурни седенки...

Активностите поврзани со кампањата „Сите сме едно“ не беа лоцирани само во Скопје. Шеесет ученици од четирите основни училишта „Ванчо Прке“ од Делчево, „Благој Кирков“ од Велес, „Гоце Делчев“ од Штип и  „Малина Попиванова“ од Кочани учествуваа во ликовната колонија, турнирот во мал фудбал, и интеркултурните седенки што ги организираа седум организации вклучени во спро­ведувањето на програмата Применето образование на младите Роми. Сите овие активности се случуваа во Зимско-рекре­ативниот центар, Детското одмо­ралиште “Го­лак” во Делчево во деновите 5, 6 и 7 април 2003. Учениците беа водени од по еден наставник од нивното училиште и претставник од невладината организација вклучена во спроведувањето на Програмата. “Децата навистина ја искористија можноста убаво да се дружат но и да научат нешто едни од други и едни за други”, ни рече Зати Рамаданов, претседател на Здружението на граѓаните Роми, Романи бах од Велес - „посебно ако се има предвид дека децата беа со различно етничко потекло. Мислам дека ги постигнавме целите на нашите активности, затоа и продолжуваме да работиме со несмален ентузијазам“, додаде Рамаданов.

 
ДЕЦА НА УЛИЦА
Дали и што можеме да направиме?

Во рамките на Кампањата „Сите сме едно“, Центарот на Ромите на град Скопје, во име на група НВО, а со поддршка на МЦМС и ФИООМ, организира отворен форум под наслов „Дали децата на улица се наша заедничка грижа?“

Форумот, кој се одржа на седми април во галеријата „Чифте амам“ во Скопје, поттикна дискусија на прашањата: Како една социјална држава се справува со проблемот на питачење и дали воопшто нешто се презема?; дали децата питачи се деца без родители?; дали питачењето има етничка карактеристика?; кој питачи?; дали питачењето во Македонија е дозволено со закон?; дали постојат програми за решавање на проблемот на питачењето и децата на улица?; што е досега направено?; дали и што можеме да направиме?

Како што вели г-ѓа Азбија Мемедова од Центарот на Ромите на град Скопје, проблемот на децата на улица е слика на негрижата на државните институции. Овој проблем не може да биде решен само со напорите кои ги прават невладините организации, туку само ако добие соодветен третман од страна на државата, ако се издигне на ниво на национална димензија и добие стратегиска рамка.

 

ЈАВНА ТРИБИНА
Ромите, образованието и Рамковниот договор

На деветти април, во просториите на Галеријата „Чифте амам“ во старата скопска чаршија, беше одржана јавна трибина која опфати две теми: „Пристапот и проодноста на Ромите во обра­зованието - можности и перспективи“ и „Импле­ментација на Рамковниот договор и Ромите“.

На првата тема, воведно излагање имаше проф. Виолета Петровска - Бешка, а на втората, проф. Владо Поповски. Излагања имаа и претставници на Владата на Република Македонија.



Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 26 April 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Обуки
Публикации
Луѓе
Историја на гра. опш.
Тема
Интервју
Форум
Писма
Концепти
Q&A
Појмовник
Представување
Донатори
Избор
Погледи
Коментар
 

©MCMS - designed by KOMA