|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
СУНЧИЦА КОСТОВСКА-ПЕТРОВСКА, ПРОЕКТ-МЕНАЏЕР НА ЧЕТИРИТЕ НВО ЦЕНТРИ НА ФИООМ
Центрите се места за размена на искуства, за учење, информирање
Во Велес, Прилеп, Штип и во Кичево работат центри за поддршка на невладини организации, во рамките на Проектот за поддршка на институционалниот развој на невладините организации.
Центрите во Велес и Прилеп работат од јануари 2003 година, а во Штип и во Кичево од април 2002 година. Годинава започна нов проект поддржан повторно од Швајцарската агенција за развој и соработка и ФИООМ за поддршка на иницијативите на НВО за развој на локалната заедница. Во ова мини-интервју за работата на центри разговараме и со раководителката на проектот, Сунчица Костовска-Петровска:
Какво е искуството од досегашната работа на центрите? Надвор од Скопје постои голем потенцијал, постојат многу НВО кои имаат ограничени можности за пристап до обуки, информации и донатори. Центрите за поддршка на НВО настојуваат успешно да ја надополнат таа празнина меѓу поголемите организации во главниот град и иницијативите во помалите места. Тие обезбедуваат обуки, советувања и консултации, логистичка поддршка - опрема и простории и грантови за локалните НВО. Во оваа фаза се насочуваме кон поттикнување и поддршка на иницијативи за подобрување на условите во локалната заедница, преку лобирање, застапување и граѓански акции на мрежи и коалиции на НВО. Се поттикнува соработката на НВО и партнерството со локалната самоуправа, институциите, медиумите и бизнис-секторот.
Кој најмногу ги користи и како се проценува ефективноста од нивната работа? Локалните НВО во нив наоѓаат место за размена на искуства, за работа на проекти, за пристап до интернет, факс, фотокопир, за состанување, информираат и учење... Доаѓаат и неформални групи граѓани кои се интересираат за работата на НВО и можноста да се вклучат, да побараат некоја услуга или да основаат нова НВО. На обуките и настаните што ги организираат центрите редовно се покануваат претставници од локалните медиуми и локалната самоуправа, кои се запознаваат со активностите на НВО и се вклучуваат во нив. Често пати и институциите (училиштата, библиотеките, заводите за социјална заштита, подрачните министерства, јавните претпријатија) се обраќаат за информации, контакт со НВО и редовно се отповикуваат на поканите за учество во активностите на центрите и НВО. Ефективноста од работата на центрите се мери преку посетеноста и барањето услуги, како и преку прашалници за оценување на секоја обука. Комплетната проценка на работата на центрите се врши еднаш годишно преку прашалници коишто ги пополнуваат корисниците и СВОТ (СЊОТ)-анализа којашто исто така ја прават НВО. Тоа овозможува на најсоодветен начин да се одговори на потребите.
Каде сметате дека ќе се спојат “новите” и “старите” центри? „Новите” и „старите” се спојуваат уште со идејатата за формирање нови центри. Невладините организации од многу градови низ Македонија ни се обраќаа со барање кај нив да се отворат вакви центри. ЕАР ги посети “старите” центри и ја согледа нивната корисност и потребата да се отворат нови, особено во помалку развиените градови. Организираме контакти меѓу вработените во сите центри со цел да се разменат искуствата и за натамошно заедничко надградување, заеднички обуки и средби на координаторите, како и заеднички настани за НВО од различни центри. На пример, НВО од Кичево и од Делчево имаат малку можности да се сретнат и да соработуваат. Центрите треба да го обезбедат тоа премостување и да овозможат вмрежување и иницирање заеднички акции на НВО не само на локално, туку и на регионално и национално ниво. Заедничките напори за развој на локалните заедници, како на НВО, така и на локалните власти, медиуми и бизнис-секторот ќе ги потпомогнат и процесите на децентрализација во земјава.
М.И.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|