|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
претставување: РОМАНЕЛА, БЕРОВО
Традицијата треба да се негува
Здружението на граѓани “Романела” од Берово е новоформирано, со цел да ја негува културата и традицијата на Ромите од малешевскиот регион и пошироко. Членството на “Романела” е составена главно од ромското население кое живее во Берово. Здружението го формираа група жени, кои претходно пет години работеа како огранок на “Даја”, но тоа е основано како здружение на граѓани, а не како женска организација.
Покрај промоцијата и заштитата на локалната култура на Ромите од овој крај, во програмата на “Романела” се вклучени и активности поврзани со еманципација на жената Ромка, како и заштита на жената од семејно насилство. Освен тоа, здружението ќе работи и на превенција на негативните влијанија врз младите, пред с$ заштита на младите од алкохол и дрога.
Првиот проект што го спроведува “Романела”, поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, е наречен “Златните раце на ковачите”, а се спроведува како дел од програмата “Живо наследство”. Станува збор за осовременување и зачувување на традиционалниот ковачки занает со кој се занимаваат повеќе Роми од Берово. Проектот е во тек, а неговите активности опфаќаат обука на млади Роми за практикување на ковачката вештина, како и промоција и модернизација на занаетот. Што се однесува до промоцијата, “Романела” учествуваше на Саемот “Живо наследство” во Скопје, на 1 и 2 април годинава. Таму се претстави со производи на беровските ковачи, меѓу кои имаше и дел изработени според дизајнот на уметницата Славица Јанешлиева. Соработката со уметницата има за цел да се прошири и осовремени асортиманот на производи на беровските ковачи. Изработката на уметнички дизајнираните производи продолжува, а на крајот на проектот ќе биде изработен каталог на производите и тие ќе бидат изложени на неколкудневна манифестација во Скопје.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|