|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
|
НАСТАНИ |
 |
 |
ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО |
|
МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ Истражувачка сторија на годината
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и холандската фондација „Press Now” распишаа Конкурс за најдобра истражувачка сторија. Конкурсот е отворен за сите новинари и нивните истражувачки написи, прилози или емисии објавени во текот на 2001. „Конкурсот го распишавме за да го поддржиме истражувачкото новинарство”, ни рече Жанета Трајкоска, извршен директор на МИМ. „Постојат награди за новинарите но ниту една од нив не е тематски насочена. Истражувачкото новинарство е битен дел во новинарството и во целокупното наше живеење”. МИМ планира наградата да прерасне во традиционална и да направи посебен фонд за следните години од кој ќе се поддржуваат истражувачки стории. „Главното образложение на медиумите и новинарите зошто не се занимаваат со истражување е недостатокот на средства. Во Македонија беа отворени голем број на афери но ниту една не остана во медиумите повеќе од три дена. Недостатокот на средства не дозволува новинарите да се посветат на истражувањето”, заврши Трајкоска. Изборот на наградите ќе го врши новинарска комисија. Се очекува изборот да заврши до крајотна годината.
| |
|
|
|
|