Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact


ФИООМ
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност

Платформата ги претставува приоритетите на граѓаните на Македонија за одржување мир и потикнување на развојот на државата. Овој документ е резултат на јавните дискусии организирани во Скопје, тетрово, Велес, Прилеп, Кичево, Штип, Струга, Струмица, Битола и Куманово
11.09.2002
Вовед
Писма
Настани
Публикации
Тема
Погледи
Концепти
Интервју
Q&A
Донатори
Форум
Појмовник
Број 17 Јуни 2002
Најава- Изборен фер-плеј
Парламентарни избори со широка партиципација на НВО
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност




ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Донатори

   

ИЗБОР


ГЛЕДНА ТОЧКА

 Корупцијата и погрешниот менаџмент во индиските НВО

Суман Боумик (Суман Бхоњмик)

Три години откако се приклучив на секторот за развој за да побегнам од се поприсутниот лош квалитет на здружена Индија, се ми укажува на тоа дека работите не тргнаа кон подобро. И покрај спротивставувањето на светскиот тренд за сголемена странска помош во последната деценија, како и вчудоневидувачките суми официјални владини фондови потеошени во корист на непривилегираните, многу малку стигнува кај оние на кои им се наменети.

 Eдна неефикасна, самоопслужувачка бирократија едноставно не е засегната од правилната распределба на владините фондови. За возврат таа често пати пронаоѓа начини да ги „нагризе”. Но она што навистина шокира е начинот на кој илјадници поединци и организации, кредитирани застапници на општестевено подобрување, систематски подеднакво ги прелажуваат и приватните донатори и заедниците.

На макро ниво, ова станува очигледно по астрономските цифри за непрофитните организации, кои всушност се регистрирани како трустови, како општества, како НВО, итн. Бихар, каде се претпоставува дека има повеќе од 17.000 такви организации, заостанува зад другите индиски земји. Општо е познато дека голем број од нив постојат само на хартија. Многу од нив постојат заради планирање (избегнување) на данокот, заради политички игри, заради перење пари итн. Со несоодветна власт и застарена правна регулатива тоа и се очекува и токму тоа е причината за големото спротивставување на планирањето на чекови и салда.

Ако навлеземе подлабоко, ќе видиме дека корупцијата главно цвета како резултат на квалитетот на луѓето кои ги привлекува овој сектор. За жал, во Индија, благодарение на сe поразвиената конкуренција, повеќето од оние кои се занимаваат со социологија или со селски развој, не го прават тоа поради свое лично верување, туку едноставно поради тоа што не биле доволно добри за некоја поисплатлива опција. Така, тие се понесени од истите аспирации кои ги имаат нивните партнери или колеги, но им недостасуваат талент и одговорност. Како резултат на тоа, оние кои треба да „чинат добро” се премногу зафатени со „создавање добра”, чекајќи ја првата можност да влезат во големата лига на „доларскиот приход”. Замислете колку бев шокиран кога дознав дека една голема НВО, финансирана од странство, која работи со деца од улица, им плаќа на работниците да се возат со такси на оддалечност на која јас очекувам моите студенти на МБА да пешачат на летните проекти. Или пак кога дознав дека постари менаџери од една добро позната финансиска агенција со седиште во Лондон ги користат недоследностите во правилникот за штедење според кој дозволено е да се патува само со воз, за да продолжат да летаат!

Ставени сте во искушение да ги затворите очите пред такви „ситни” недоследности. За жал, тие не завршуваат тука. Со загриженост забележувам како нарачките за набавка се предаваат на сомнителни лица и тоа за огромни, претерани суми и количества без проверка на квалитетот на стоките и времето на нивно пристигнување. Некој може да тврди дека тоа е едноставно неефикасност и можеби е во право. Но да се работи постојано на тој начин наспроти сите предупредувања, укажува на нешто сосема друго.

На организациско ниво, огромните издатоци за административни трошоци направени од големите НВО бараат поинтензивна анализа. Во многу случаи тие се последица на лични трошоци, кои се ставаат на сметка на организацијата (што и не е толку тешко во многу НВО кои се блиски семејни единици). Но не е секогаш така. За огромните суми потрошени за прикривање разни лажни активности, особено од страна на странски организации, вклучувајќи ги и телата на ОН, може да се заработат неколку негативни поени во седиштето, но не и детална контрола.

Пред неколку години британската агенција за соработка ДФИД финансира саем за СИДА во детскиот музеј кај нас. Во една статија во Статесман (најтиражниот англиски весник во Калкута) многу критички се осврнав кон целокупниот нивни пристап кон интервенцијата за СИДА и уште покритички кон несоодветноста на местото и кон целосно нечувствителниот начин на комуникација. За среќа, оттогаш ДФИД ја затворија нивната масивна програма за имплементација во целата земја. Тие во периодот од 1995 до 2000 г. потрошиле околу 20 милиони фунти за имплементација на програмата за ХИВ во шест земји. Владата на Лабористите значително ја зголеми поддршката и тие сега ги трошат парите преку НАЦО (Национална организација за контрола на сидата - чадор-организација) и државните влади.

Овие инциденти се случуваат главно поради тоа што многу добронамерни странци не знаат речиси ништо за реалната состојба на теренот. Тие, пак, за несреќа, се потпираат на локалното население, кое пак знае уште помалку. Во една толку разновидна земја каква што е Индија, каде сe, од дијалектот до почвата, се менува на секои стотина милји, не постојат стандардни решенија. Не е исто да се разговара за мерките против сиромаштија во хотел со пет ѕвезди и да се изнајде алтернатива во некое далечно село секогаш кога оризот од програмата „храна за работа” не може да се јаде.

Ако ова ја покажа сиромаштијата на душата, ќе видите дека исто така постои и сиромаштија на мислата. Директорот на една христијанска НВО, за време на една моја работилница за стратешко планирање, ме шокира кога одби да биде „ефикасен”, бидејќи, според него, се работело за рационален процес во кој не е вклучено срцето. И секоја НВО спроведува некој вид обука само поради тоа што за таа цел, т.е. програма, & се доделени финансии. Последично на тоа, учениците се стекнуваат со вештини кои ретко можат да ги продадат. Таквата обука е губење пари, време и труд. Прашањата кои лесно поминуваат на пазарот, високопрофилните прашања – права, хендикеп, иселување, се претпочитаат од страна на политички амбициозната интелигенција, додека суштинските, но тивки прашања за кои е потребна итна и непосредна поддршка – популација, загадување, корупција, често пати се одбегнуваат поради тоа што се тешки за решавање.

Ако ова ве исполни со цинизам, дозволете ми да појаснам дека постојат и илјадници чесни, посветени луѓе кои несебично и служат на заедницата. Иронијата е во тоа што тие се најчесто тивки личности кои поминауваат незабележани. Затоа, најважно е да се избегнува надворешниот надзор, бидејќи овие луѓе се појавуваат заедно како индустрија; да се подобрат човечките ресурси (привлекувајќи добро платени и квалификувани луѓе за да се обезбеди ефикасност и продутивност), да се подобрат стандардите за транспарентност и одговорност (статутни проверки, објавени сметки, студии за оценка на влијанието) и внимателно и со длабоко размислување да се изберат приоритетните прашања со цел подобро да им се служи на заедниците.

Transparenca International, mart 2002

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 17 Јуни 2002
Вовед
Писма
Настани
Публикации
Тема
Погледи
Концепти
Интервју
Q&A
Донатори
Форум
Појмовник
Број 17 Јуни 2002
Најава- Изборен фер-плеј
Парламентарни избори со широка партиципација на НВО
Претставена Граѓанската платформа за мир и стабилност
 

©MCMS - designed by KOMA