коментар
50-ти број и 5-та година на Граѓански светВо рацете го држите 50-тиот број во 5-тата година на Граѓански свет. Првиот број беше издаден во јануари 2001 година. На Граѓански свет му претходеше “НВО Билтенот” од 1996 година. |  |
МЦМС ги додели наградите за граѓанско општество и демократија и за одржлив развој
ОД НАС ЗАВИСИНа 9 јуни оваа година Македонскиот центар за меѓународна соработка по петти пат ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој “Херт Јан ван Апелдорн”. На свеченоста, во хотелот “Александар палас”, во Скопје бројот на лауреати од минатите години се зголеми за осум.
|  |
Истражувачко-волонтерската асоцијација – Кратово
Развој на младинското движење во КратовоИстражувачко-волонтерската асоцијација - Кратово (ИВА-Кратово) е младинска организација формирана во февруари 2003 год. Во Судскиот регистар во Основниот суд Кратово е запишана во мај, истата година. Организацијата е формирана со цел да го развие младинското движење во Кратово и регионот. Во моментов има 80 членови, од кои 20-тина се активно вклучени во работата на организацијата. |  |
Имплементацијата на индексот на граѓанското општество во Бугарија
Увезени вредности заедно со донаторски програмиИндекс на граѓанското општество ИГО е партиципативен проект за дејствување и истражување којшто ја оценува состојбата со граѓанското општество во земјите во светот, користи пристап на сеопфатна имплементација и широк ранг методи на истражување |  |
репортажа: ПОД ПАДИНИТЕ НА БЕЛАСИЦА
Наследството живееПотпрашајте, и локалните жители со задоволство ќе ви раскажат како на раце и со коњи носеле камен и дрво за изградба на патеката до водопадот, како работата ги поврзала и ги надминала поситните и покрупните несогласувања меѓу луѓето, како заедно правеле скара на паузите од тешката работа, дискутирале и мечтаеле “што ќе биде кога ќе биде”. А “бидна” она на што се надеваа – селото стана познато и посетено, се отворија нови перспективи за негов развој… |  |
Постигнување согласност и разбирање
Фокус на интересот, не на позицијатаПрашањето како да се постигне согласност и заедничко разбирање при одредени несогласувања во организациите го проучувале многу теоретичари на менаџментот. Во 1981 година двајца професори на универзитетот Харвард, САД, ги испитувале начините на преговарање со цел да се постигнуваат подобри резултати во разрешувањето на недоразбирањата и постигнувањето на договорите.
|  |
Национална конференција на 7 јули во Скопје
Индексот на граѓанското општество на РМ на ЦИВИКУСИндексот на граѓанското општество на Цивикус (ИГО) е акциско-истражувачки проект што цели кон проценка на состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот, со намера да обезбеди основно познавање и даде придонес на иницијативите за јакнење на граѓанското општество. |  |
|