коментар

50-ти број и 5-та година на Граѓански свет

Во рацете го држите 50-тиот број во 5-тата година на Граѓански свет. Првиот број беше издаден во јануари 2001 година. На Граѓански свет му претходеше “НВО Билтенот” од 1996 година.

50-тиот број во 5-тата година на Граѓански свет, покрај пригодноста за одбележување, е и добра причини за рефлексија и оценка на изминато­то. Прв чекор е поглед на очекувањата. Во воведникот на првиот број го поставив прашањето зошто граѓански свет?

Граѓански свет треба да придонесе во развојот на граѓанското оп­штест­во. За мене тогаш и сега референца е проблемот наведен  во “Зошто НВО-исти, а не материјалисти, надреалсти или дефетисти” од Зоран Кос­­тов во “НВО Билтенот”. Граѓанското општество не е доволно вкоренето, дури и во општествените елити, и повеќе е одраз на ентузијазам на поединци или пресликување на европските стандарди, отколку инте­рес на граѓани, и не е прифатено од државата како социјален партнер. Дел од олеснителните околности беа отсуство на традиција и егзистенцијалните проблеми.

И денес можеме да најдеме аргументи за песимизам и за оптимизам. Само секој трети граѓанин е општествено активен во каков било облик на граѓанско здружување. И додека граѓанското општество се вкорену­ва во урбаната средина (околу 42% од сите организации се во Скопје, каде што е 24% на населението), скоро да го нема во руралните средини (околу 6% од организациите се во рурални подрачја, каде што е околу 40% од населението). С$ повеќе организации стануваат вистински движења и тука предничат организациите на жени и лица со посеб­ни потреби. Не случајно и најголем дел од добитниците на Награ­да­та за граѓанско општество и демокртија се од тие групи. Но покрај нив, граѓанското самоорганизрање станува прифатливо и кај групи ка­де што беше незамисливо, како пазарџиите (Здружение на пазарџиите) или жестоките критичари на граѓанските организации како западни агитатори (Здружението на бранителите). Тука се и првите успешни ло­бирања за измени на закони.

Граѓански свет го поддржуваше процесот на вкоренување на граѓан­ско­то општество во Македонија и придонесуваше кон промената на раз­­би­ра­њето, проширувањето и продлабучувањето, на поимот гра­ѓан­ско оп­штест­во. Сега пред нас е предизвикот за проширување надвор од Ско­пје и урбаните средини. Пред нас е предизвикот на соработката, но и барањето одговорност од државата и деловниот сектор.

Граѓански свет си постави и пооперативни цели: да се подобри достапноста и надвор од раководтствата на граѓанските организации, да биде “попријателски спрема читателите” и да се зголеми навременоста на ин­формациите. Мојата самооценка е дека овие цели се постигнати. На­­правени се неколку промени. Воведени се нови содржини кои отсли­куваат нови политики. На пример, воведени се рубриките Балкан експрес, Европа и Свет, како одраз на отворање на граѓанското општество на Македонија. Подобрен е форматот и се премина на печатење во бо­ја. Тоа е потврда дека Граѓански свет е одраз на моќта за учење.

Бидејќи Граѓански свет е за граѓаните, во следните месеци ќе направиме истражување за мислењата на читатателите. Искуствата и мислењата на читаталите ќе ни помогнат да ги одредиме насоките за следните 50 броја и следните 5 години.

 
Сашо Клековски