ЈУРИСТ
Легитима

Центарот за право и прак­тика “Јурист” од Скопје, со финансиска поддршка од Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, го издава периодичното списание Легитима, со наднаслов “Информатор за граѓанинот”.
ГТЗ
Наследството на Охридското и на Преспанското Езеро
Во организација на Гер­ман­ската организација за тех­ничка помош, објавена е книшката “Наследството на Охридското и на Прес­пан­ското Езеро”, која се одне­сува на природното и на кул­тур­ното богатство на овие две езера во Маке­донија, во Гр­ција и во Албанија. Книшката е резултат на проектот “Меѓугранична соработка во ре­гионот на Охридското и Прес­пан­ското Езеро” на ГТЗ, а е изготвена од локални експерти од трите држави, со помош на германски експерти.
“TRANSEUROPEENNES”
Балканските жени за мир
Француската орга­ни­за­ција “Трансеуропееннес” ја обја­ви книгата “Femmes des Balkans pour la paix” (Бал­канските жени за мир), која претставува сведоштво на Караванот на жени што пред година и половина помина низ просторите на бившите југословенски републики и на Албанија, носејќи ја пораката на 50 жени од Балканот и од Франција за мир во регионот.
МЦМС
Граѓански практики
Македонскиот центар за меѓу­народна соработка го издаде првиот број на пуб­ли­кацијата “Гра­ѓан­ски прак­­­­тики” од еди­цијата “Граѓанско оп­штество”.