“TRANSEUROPEENNES”
Балканските жени за мир
Француската организација “Трансеуропееннес” ја објави книгата “Femmes des Balkans pour la paix” (Балканските жени за мир), која претставува сведоштво на Караванот на жени што пред година и половина помина низ просторите на бившите југословенски републики и на Албанија, носејќи ја пораката на 50 жени од Балканот и од Франција за мир во регионот.
Книгата содржи сведоштва на учесничките во Караванот и фотографии кои зборуваат посилно од се’. Овој проект на “Трансеуропееннес” во Македонија се спроведе во соработка со Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Книгата е објавена на француски и на англиски јазик, а се очекува нејзино објавување и на сите јазици на просторите на бившата СФРЈ.
ГТЗ
|