ЈУРИСТ

Легитима


Центарот за право и прак­тика “Јурист” од Скопје, со финансиска поддршка од Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - ОБСЕ, го издава периодичното списание Легитима, со наднаслов “Информатор за граѓанинот”.

Списанието има за цел граѓаните на Македонија да ги запознае со општествените текови и промени, законската регулатива и нивните права, како и да го поттикне нивното активно учество во овие и другите процеси во државата.

Списанието редовно објавува информации за активностите на граѓанските здруженија во Македонија.