ТЕМПЛУМ
Ајхман во Ерусалим
„Темплум“, во рамките на својата едиција „21 век“, издаде уште една ин­те­ресна книга, од автор­ката Хана Арент - „Ајхман во Ерусалим“.
ОПШТИНА ГАЛИЧНИК
Галичка свадба
Месната заедница Галич­ник издаде ЦД за Галичката свадба, едно од нај­атрак­тивните и најважните кул­турни случувања во Маке­донија.
ОПШТИНА НОВО СЕЛО
Весник на општината

Општината Ново Село (струмичко) го издава оп­штин­скиот весник „Но­­во Село“, кој гра­ѓаните можат да го до­би­јат бесплатно.
ОЖ РАДИКА
Граѓанска иницијатива за подобар живот
Организацијата на же­ните „Радика“, која ги обе­динува жените од реги­онот на Долна Река, ја издаде брошурата „Гра­­ѓанска иницијатива за подобар живот“, со фи­нан­сиска поддршка на Светската банка.
ГЛАСИЛО НА ИСТОЧНИОТ РЕГИОН
Исток
„Исток“ е гласило на Ис­точ­ниот регион, како што стои во под­­­­насловот на ова списание. Спи­са­ни­ето излегува два па­ти ме­сечно и прет­ставува при­ват­на ини­­­­­цијатива.
ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ - КРУШЕВО
Мајски: Крушево и Крушевската Република
Една од поинтересните публи­кации издадени по по­вод 100-годишнината од Илинден и Кру­шев­ската Република, е кни­гата издадена од Исто­рис­киот музеј - Кру­шево, приредена од дирек­торот на Музејот, г. Ни­кола Јовановски.
ФИООМ
Програма за образование на Ромите
Фондацијата Институт отво­рено општество - Маке­донија издаде ЦД на кое е претставена Про­грамата за поддршка на обра­зо­ва­нието на децата и мла­дите Роми, која се спроведува преку неколку центри во Македонија - во скопските населби Ѓорче Петров и Шуто Оризари, во Прилеп и во Куманово.
КУД “ДРИМКОЛ”
Водич низ светилиштата на Вевчани
Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани е издавач на публикацијата „Водич низ светилиштата во Вевчани“, чиј автор (на текстот и на фотографиите) е Анастас Ќушковски. Водичот е испечатен на македонски и на англиски јазик, а во него е даден преглед на црквите, манастирите и другите свети места во околината на Вевчани.